Не можете да ми ја замислите среќата кога ќе добијам некоја информација за екстремно интересно патување, не па конечно некој да си го исполни ветувањето и да состави текст за него! (поздрав до Азијците :Р). 
Ива Р, фала ти најнајнајмногу за доближувањето на Гвадалупе до сите во Македонија (и тоа што многу ме потсети и ме врати на Куба)... читајте и уживајте!

Да ви признаам, пред да решам да одам во Гвадалупе (Guadeloupe), не знаев ни дека постои, можеби само името ми звучело малку познато, од изборите за Мис на Свет, но јас не знаев за овој остров, ни кај е и што е ни чиј е. Можам да се сметам за среќна, што се склопија неколку коцки и поради сплет на околности планот за моето овогодишно најобично летување, мораше да се смени. Имав прилика да отпатувам некаде подалеку. Е, но каде?

Имам јас една бубачка за патување уште од одамна, па обожавам да гледам во мапата и да си правам листи на места кои сакам да ги посетам некогаш во животот. Сега истото го правев со конкретна цел, и уживав во тоа. После долго пребарување на авионски конекции, временски услови, моментална безбедност буквално низ целиот свет, случајно зумирајки на мапата, наидов на островот Гвадалупе!




.