Швајцарија е најцентралната и најнеутрална земја во Европа, единствена земја каде меѓу 8 милиони луѓе се зборуваат 4 јазици, има 4 култури и 23 дијалекти! Во моментов е најбогата земја во светот, а градовите Цирих, Берн и Женева се на листата од топ 10 градови со највисок квалитет на живот, додека Цирих се вбројува и во најскапите во светот. Интересно е што имаат и најголем број на Нобеловци по глава на жител. (Податоциве ми се од краток курс по швајцарски-германски од еден интересен тип во народна носија а ла Хајди).

Дојде време да ја посетам и земјата на чоколадото, овој пат службено... затоа нема да има премногу детали за ова патување, туку само за двата дена кои ги имав слободни и ги поминав едниот во Цирих, другиот во Луцерн, со различни екипи на супер-колеги.

Линдт... да речеме дека сме биле и поблиски од ова :Р
Дополнување и предупредување (септември 2014): откако беше објавен овој пост, процедурата е променета. Доколку имате повеќе информации, слободно пишете за да ги освежиме информациите.

Ако сте биле во Америка (САД, да не се лутат јужњаците), шансата е 90% да сте биле преку Work and Travel програмите од нашите туристички агенции за кои се вади посебна виза со која ќе имате дозвола за работа... 

Но, ако сакате да одите во туристичка посета (како што мене ми се прави филм за возење по Route 66 некој ден), потребна ви е виза... пред вас е гостински пост на Александра Шушевска (partner in crime за некои патувања) која ви објаснува во детали како да дојдете до виза, фала Алекс! :)

Photo: roadtripit.wordpress.com

.