Не можете да ми ја замислите среќата кога ќе добијам некоја информација за екстремно интересно патување, не па конечно некој да си го исполни ветувањето и да состави текст за него! (поздрав до Азијците :Р). 
Ива Р, фала ти најнајнајмногу за доближувањето на Гвадалупе до сите во Македонија (и тоа што многу ме потсети и ме врати на Куба)... читајте и уживајте!

Да ви признаам, пред да решам да одам во Гвадалупе (Guadeloupe), не знаев ни дека постои, можеби само името ми звучело малку познато, од изборите за Мис на Свет, но јас не знаев за овој остров, ни кај е и што е ни чиј е. Можам да се сметам за среќна, што се склопија неколку коцки и поради сплет на околности планот за моето овогодишно најобично летување, мораше да се смени. Имав прилика да отпатувам некаде подалеку. Е, но каде?

Имам јас една бубачка за патување уште од одамна, па обожавам да гледам во мапата и да си правам листи на места кои сакам да ги посетам некогаш во животот. Сега истото го правев со конкретна цел, и уживав во тоа. После долго пребарување на авионски конекции, временски услови, моментална безбедност буквално низ целиот свет, случајно зумирајки на мапата, наидов на островот Гвадалупе!




Уште откако го креирав блогот, дизајнот го оставив „за еден ден кога ќе имам време“ како и сè друго од една голема листа на „проекти за во слободно време“. Периодов се подослободив од многу обврски, па пред да следуваат нови постови, морав да го редизајнирам блогот да биде почитлив. Инспирација ми е medium.com каде дремам во последно време читајќи долги текстови, па се одлучив постовите да бидат во сличен формат со голем текст за полесно читање (па и принтање по 2 страни на лист, иако треба да поработам уште малку на тој дел :))

Стариот нека стои тука како историја, а вашите забелешки се добредојдени... фала што го читате овој блог :)


Го прочитавте постот за Париз? Е па, како што јас го напишав за Ива, така таа ми напиша дополнување на постот со преубави корисни работи! <3 Читнете што пишува во гостинскиот пост "Paris za Sandra.docx" :) 

---

Да бидам искрена, како и Сандра и јас имав малку предрасуди за Париз пред да тргнам. Мислев дека љубовната приказна на градот на светлината и целиот свет нема да ме допре мене, дека сето тоа е туристичка фама, ама сепак испадна дека не сум толкав хипстер како што си мислев :) па така по само 7 дена поминати таму јасно и гласно изјавувам Paris, Je t’aime! и одвај чекам да одам пак :) Нема да ја споделувам нашата тура, туку ќе се обидам да ги издвојам само работите кои ми оставија најголем впечаток, ова се само неколку дополнувања на веќе супер насоките на Сандра, се надевам ќе помогнат.

Прво и најважно. Доколку планирате да посетите повеќе од 2 музеи, обавезно земете си Paris Museum Pass. Картата важи за скоро сите музеи и историски локалитети (комплетната листа можете да ја погледнете тука :) и може да се купи за 2, 4 и 6 дена. Можете да ја нарачате онлајн или да ја купите во првиот музеј до кој ќе дојдете.


Ние зедовме за 4 дена по цена од 56 евра и испадна дека тоа беше најдобра инвестиција што ја направивме во Париз :) Не само заштедивме мноооогу пари (само во Версај вкупно ве фаќа околу 50 евра да разгледате сѐ), туку и имавме приоритет на влез скоро секаде, па така наместо да чекаме во редица 1 час пред влезот на Лувр, го заобиколивме редот и влеговме веднаш :) Уште една супер работа е што немате ограничување на тоа колку пати ќе влезете во еден музеј, што значи дека ако се вљубите во некој музеј како ние во Помпиду, ќе можете да си влезете повеќе пати :)


Долго време не сме си пишале, а? :) Не дека немам нови патувања што ме чекаат на биро да ги напишам, но ѝ ветив на Ива дека за Велигден ќе напишам некој збор за Париз за да знае каде да прошета на нејзиното дооолго очекувано патување... па, еве го :)

Отсекогаш бев скептик за Париз заради тоа што премногу луѓе ми го имаа зборувано колку е прекрасен, а и веќе имав видено голем дел од европските градови кои горе-долу сите потсетуваат еден на друг па не очекував тој да биде нешто посебен. Но, првата година од (сега веќе редовната) понуда на Кроација Ерлајнс за евтини летови преку Загреб, сепак се одлучив да ја искористам можноста и да го посетам Париз и тоа знаев дека сакам да поминам повеќе време од тие 2-3 дена кои обично сите ги имаат поминато на апсолвентска екскурзија. Се спакувавме четворица другарчиња и една зима летнавме на недела дена.

И да, тоа е градот на светлината, и да, прекрасен е :)






.