Дополнување (октомври 2014): Игнорирајте скоро сè подолу од линијата и читајте внимателно :(
Од пролетва има сосема нова процедура спроведена скоро во сите земји на светот за кои треба виза, односно треба да се аплицира преку агенција која ги препраќа документите во друга амбасада надвор од земјата (за нас е одговорна амбасадата во - wait for it - Варшава!) Повеќе за тоа
тука.
Она што сега го дознав за постапката дојде од муабетов од
твитер (и од таму е поттикнат апдејтов), па проверив и од другар кој во скоро време беше во Британија со бизнис виза (фала Д.Д.).
Постапката е следна:
- На сајтот visa4uk се креира акаунт, се бира тип на виза (ако е прв пат се бира за 6 месеци), се пополнува апликацијата и се плаќа за апликацијата 105€ со картичка.
|
избирање на тип на виза |
- На сајтот од агенцијата задолжена за посредување во Македонија - ge2mk, каде се закажува термин за носење на документите (системот дава кои се слободни), се плаќа €77.29 со картичка (оригинална цена е 59 британски фунти) - што значи вкупно за целата виза станува збор за 182.29€! (неспоредливо во однос на 2011-та кога се плаќаше 90€)
- Апликацијата се печати и со сите останати документи (добивате листа по пополнувањето на апликацијата, а може да прочитате и подолу по старо, обезбедете ги на англиски!) - бидејќи ако ве одбијат ги губите парите, соберете што е можно повеќе документи од тие што се бараат
- Одите во Соравија на 3-ти спрат во закажаниот термин со документите кои ги праќаат до Варшава каде се донесува одлуката и за ~15 работни дена ги добивате документите назад.
Со еден збор - она што го зборував порано дека се исплати да се лета до каде било низ светот преку Лондон, веќе не важи... за 200€ не мора да се мачите за виза, ќе си најдете поскап лет од друг европски град за каде нема да мора да се гњавите со документација :(
Ако сепак мора да одите баш таму, за некои детали околу документите слободно прочитајте го стариот текст подолу, додека во врска со линковите и цените држете се до она што го пишува во горниов дел на постот... среќно!