Во првиот дел за Лефкада ветив и краток опис на плажите на кои се излежувавме.
Па, еве ги од север кон југ:



После огромниот подвиг за планирање неверојатен одмор на Куба, уште додека бевме таму, одлучивме дека следниот одмор ќе ни биде поскоро (во јуни) и тоа негде во близина каде што може да одиме со кола и каде што има добри плажи. Знаевме доста луѓе што веќе отишле по грчките острови во Јонско Море (и преку агенција и во сопствена режија), па отприлика знаевме што сакаме да најдеме и каде да го бараме тоа. Така, падна договорот на Лефкада - островот на зајдисонцата.

Јуни е супер за користење стари одмори и да се усогласи друштвото, денот е најдолг во годината и шансата за лошо време на остров е минимална (и да врне не трае повеќе од 2-3 дена). Планот беше да најдеме цела куќа/вила за 6-10 луѓе и да ја накрцаме со стандардното друштво со кое секогаш одиме по викендици низ Македонија.

На крајот, некако не успеавме да се собереме доволно голем број за тој план, па резервиравме апартман за четворица; а потоа успеаја да ни се придружат уште тројца другари во последен момент.

Многу луѓе ме прашуваа за тоа каде е најдобро да се сместат, како да патуваат и контакт од апартманот, па морав да смогнам сили и да напишам еден пост за неодамнешниот одмор иако сè уште немам завршено со постовите за претходниот :)


*** Сликите се од моето патување и бидејќи сум приврзаник на Криејтив Комонс, ако ги споделувате, линкајте назад на овој блог. Благодарам однапред.


.