Првата дестинација ни беше Дубровник - легендарниот град во кој ако не сте биле досега, сигурно сте го слушале од вашите родители кои шетале низ Југославија или сте читале за случки во него во
во средно, а ако ни двете не се случај, тогаш од модерното доба сигурно го знаете како основа за креирањето на
Превоз (Лапад - Стар град)
Со оглед на тоа што беше викенд, а и паркингот околу стариот град е прескап и презафатен, вториот ден се одлучивме да одиме кон стариот град пешки. Испешачивме околу 3,5км, еден дел е низ населба, а друг дел е покрај интересни паркчиња и морето со скриени плажички - прекрасен поглед!
|
|
На патот од Лапад кон стариот град |
|
На патот се наоѓа и старата зграда на дубровничкиот Универзитет |
На враќање вечерта иако тргнавме пешки, нè фати пороен дожд, така што на пола пат моравме да фатиме
автобус. Скоро сите автобуси поминуваат покрај стариот град, а на секоја станица може да најдете мапа за да видите кој автобус застанува најблиску до вашето сместување (имаше неколку линии до Лапад).
Карта за едно возење од 1 час беше
15 куни (2€) купена во автобус. Купена во киоск е 12 куни, а во одредени места може да се купи и еднодневна карта за 24ч која чини 30 куни и дефинитивно е поисплатлива, но ние сепак претпочитавме да се движиме пешки.
Храна
За доручек се снаоѓавме од супермаркет и јадевме во станот, за ручек/вечера комбиниравме по нешто на нога или седнувавме негде.
Во Лапад вечерта кога стигнавме јадевме во мексиканскиот ресторан по нашки
Чивава (Chihuahua) бидејќи стигнавме доцна и не ни се јадеше по класични ресторани. Порциите се движеа од 55 до 85 куни (7,5-11,5€), а кригла пиво од 0,5л беше 25 куни (3,34€). Од што бевме гладни, фотки немам :)
Последната вечер седнавме во мало ресторанче што делуваше доста фамилијарно -
Конавока, јадевме риба и пилешко и цените беа од 60 до 95 куни за порција, а пивото поскапо - 28 куни.
|
Во еден бар на самата плажата во Лапад, пиво беше 24 куни. |
Штом се доближивме до стариот град, моравме да правиме една пиво-пауза, па седнавме во ресторанот
Дубравка кој се наоѓа веднаш до ѕидините на градот и има тераса со преубав поглед. Иако цените се многу поскапи, ако фатите маса до оградата како нас, сосема вреди :) Пивото од 0,5л беше 38 куни (ако не забележавте, секогаш референца за цени во некое место ми е пиво :D).
|
Погледот од терасата на Дубравка |
Дента низ Дубровник поткаснавме на нога некои кифли (10 куни)... и се разбира сладолед (исто така 10куни, веднаш до пристаништето) и не само во шмекот на градот, туку и во шмекот на сладоледот се блиску до Италијанците :)
За да се почестиме по цел ден пешачење низ ѕидините на Дубровник, се најдовме со пријатели и седнавме на вечера во самиот центар на градот на морска храна во
Коноба Веритас (се наоѓа на плоштатчето кај Гундуличев споменик), каде што, се разбира, прво прашуваме што има најсвежо, а свежината ни беше гарантирана со оглед на тоа што готвачите беа пријатели на пријатели :). Јадевме полнети лигњи (100 куни) и „gambori/kozice na buzaru” т.е. ракчиња во црвен сос (130 куни) и делевме едно бело вино Пељешац на четворица (120 куни). И отприлика и во другите градови каде што јадевме морска храна, цените се движеа околу 100-150 куни по порција.
|
Полнети лигњи |
|
Гамбори на бузару :) |
Што да се види
Најпрво поминавме од кај 37-метарската кула Ловријенац каде имаше мала плажа и прекрасен поглед на стариот град (насловната фотографија). Во кулата можеше и да се влезе, но во интерес на времето ние само го ловевме погледот од нејзините скали :)
Ако сакате нуркање или кајакарење, тука е местото да изнајмите опрема.
Тешко е да се набројуваат
работи што треба да се видат во Дубровник, бидејќи најпаметно е да го исшетате цел стар град. Мислам дека ние ги поминавме буквално сите улички, почнувајќи од портата од која влеговме (до ресторанот Дубравка) и фонтаната „Онофрио” која е најпопуларно место за чекање, преку главната улица „Страдун” до црквата и градското собрание, до пристаништето сосема од другата страна, а потоа по сите мали улички низ јужниот дел кон морето, па и од спротивната страна кон северниот.
По самите ѕидини најгоре може да се пешачи и постојат тури кои го заобиколуваат целиот град, цената беше 120 куни за возрасни и 30 куни за деца. Градот е полн и со музеи, но бидејќи ние имавме само еден цел ден за шетање, не влеговме никаде туку го искористивме времето да акаме низ камените улички.
Без многу философирање, уживајте во фотографиите (и описите) :)
|
На пристаништето |
|
Главната дубровничка Катедрала |
|
Мини камена плажа во склоп на Cafe Buža |
|
Туристи одат по ѕидините на стариот град |
|
Продавница за сувенири за обожаватели на Game of Thrones :D |
|
|
Рачно изработени сувенири |
|
Интересна локација за баскет :) |
|
Столбот на Орландо |
|
Палатата „Спонза” од 16-ти век, служи како галерија, а начекавме и свадба внатре :) |
|
Деца си играа фудбал на главниот плоштад <3 |
|
Градска „кавана” |
|
И погледот од скалите надолу |
|
Постои легенда за каменов „Маскерон”, ако успееш да застанеш и ја соблечеш кошулата, ќе те следи среќа во љубовта... ама малку потешко застанување :) |
Други знаменитости во/околу Дубровник
Доколку сакате да го видите градот одозгора, постои опција за качување со жичара на планината Срџ (може и пешки и со кола), цената е 100 куни, но гужвата во популарните месеци е огромна. Како замена ако сте со кола, може да застанете на влезот на градот и да си фатите панорама од таму :)
Друга дневна екскурзија што беше препорачувана е до островот Локрум (пат со брод е околу 80куни и трае 10мин, а има и поскапи екскурзии со ручеци и до други острови). На островот кој е национален парк, има плажи (обични и нудистички), тврдина и ботанички градини.
|
Поглед од паркинг/панорама на влезот на Дубровник и островот Локрум (лево) |
Штиковица
Бидејќи еден ден сакавме да поминеме на плажа во близина на Дубровник, а бевме за време на викенд, се одлучивме на препорака на пријателите (фала Ана!) да одиме на
плажата Штиковица надвор од градот каде што претежно одат локалци. Плажата е камена, а водата чиста и ладна, како и секаде по јадранската обала :)
|
Мостот кој води на север од градот |
Фала за вниманието ;)
...во следниот дел - Мостар!
0 коментари:
Post a Comment