Showing posts with label париз. Show all posts
Showing posts with label париз. Show all posts
Го прочитавте постот за Париз? Е па, како што јас го напишав за Ива, така таа ми напиша дополнување на постот со преубави корисни работи! <3 Читнете што пишува во гостинскиот пост "Paris za Sandra.docx" :) 

---

Да бидам искрена, како и Сандра и јас имав малку предрасуди за Париз пред да тргнам. Мислев дека љубовната приказна на градот на светлината и целиот свет нема да ме допре мене, дека сето тоа е туристичка фама, ама сепак испадна дека не сум толкав хипстер како што си мислев :) па така по само 7 дена поминати таму јасно и гласно изјавувам Paris, Je t’aime! и одвај чекам да одам пак :) Нема да ја споделувам нашата тура, туку ќе се обидам да ги издвојам само работите кои ми оставија најголем впечаток, ова се само неколку дополнувања на веќе супер насоките на Сандра, се надевам ќе помогнат.

Прво и најважно. Доколку планирате да посетите повеќе од 2 музеи, обавезно земете си Paris Museum Pass. Картата важи за скоро сите музеи и историски локалитети (комплетната листа можете да ја погледнете тука :) и може да се купи за 2, 4 и 6 дена. Можете да ја нарачате онлајн или да ја купите во првиот музеј до кој ќе дојдете.


Ние зедовме за 4 дена по цена од 56 евра и испадна дека тоа беше најдобра инвестиција што ја направивме во Париз :) Не само заштедивме мноооогу пари (само во Версај вкупно ве фаќа околу 50 евра да разгледате сѐ), туку и имавме приоритет на влез скоро секаде, па така наместо да чекаме во редица 1 час пред влезот на Лувр, го заобиколивме редот и влеговме веднаш :) Уште една супер работа е што немате ограничување на тоа колку пати ќе влезете во еден музеј, што значи дека ако се вљубите во некој музеј како ние во Помпиду, ќе можете да си влезете повеќе пати :)


Долго време не сме си пишале, а? :) Не дека немам нови патувања што ме чекаат на биро да ги напишам, но ѝ ветив на Ива дека за Велигден ќе напишам некој збор за Париз за да знае каде да прошета на нејзиното дооолго очекувано патување... па, еве го :)

Отсекогаш бев скептик за Париз заради тоа што премногу луѓе ми го имаа зборувано колку е прекрасен, а и веќе имав видено голем дел од европските градови кои горе-долу сите потсетуваат еден на друг па не очекував тој да биде нешто посебен. Но, првата година од (сега веќе редовната) понуда на Кроација Ерлајнс за евтини летови преку Загреб, сепак се одлучив да ја искористам можноста и да го посетам Париз и тоа знаев дека сакам да поминам повеќе време од тие 2-3 дена кои обично сите ги имаат поминато на апсолвентска екскурзија. Се спакувавме четворица другарчиња и една зима летнавме на недела дена.

И да, тоа е градот на светлината, и да, прекрасен е :)






.