...и редно време беше после првиот дел за Сардинија објавен лани во Мај да го довршам и остатокот од приказната (бидејќи многу други приказни ми се испослучија во меѓувреме) :) Овој дел е само за северниот дел, но ветувам дека пред навршување на една година ќе го објавам и за јужниот :D
Колку повеќе раскажувам и колку повеќе луѓе отидоа во меѓувреме на Сардинија, толку повеќе ми е криво што не останавме повеќе од 10 дена или не се фокусиравме само на југ или север од островот и да го оставиме другиот дел за друг пат. Останаа премногу пинови црвени и непосетени, ама и ако се оди некогаш пак, ќе ни бидат расштркани низ цел остров :)
Ле Бомбарде се наоѓа само на 20 минути од Алгеро и ни беше најблиска најпрепорачана плажа. Кога стигнавме веќе беше скоро празна. Паркинг не се плаќаше бидејќи беше јуни, инаку се наплаќа во јули и август. Колку за инфо и споредба, чадор со лежалки беше 5€.
Стинтино е мало гратче во близина на Ла Пелоза, симпатично е да се прошета низ него и пристаништето.
Брандинчи беше интересна плажа со ептен плитка вода и езерце зад појасот од ситна песок, слично на Сан Теодоро и Киа. Останавме кратко и преминавме на другата.
Плажата Боза Марина не беше ништо посебно - класична голема песочна плажа со туристи и потемен песок. Водата - се разбира - чиста и со просечна длабочина. Пристаниште со кула. За инфо и споредба, само чадор беше 6€ :)
Она што беше интересно за Боза, беше што паркиравме малку подалеку од центарот на градот и одлучивме да пешачиме повеќе. На почетокот делуваше како обично туристичко гратче со голем булевар (и фала за сенките), но по поминувањето на главниот плоштад нагло влеговме во еден стар град со улици од камена калдрма и прастари згради со цвеќиња на сите тераси.
Стариот град е преубав! Продолживме покрај реката Темо, која поминува низ градот (самиот град не е на плажа) и уживавме во зајдисонцето и целата глетка, а потоа се вративме во центарот на стариот град и седнавме на превкусната морска вечера. Градот има и тврдина, ама веќе нè стемнуваше и одлучивме да не се качиме до горе, така што ако се одлучите да го посетите градов, препорачувам да го направите тоа порано во денот :)
Колку повеќе раскажувам и колку повеќе луѓе отидоа во меѓувреме на Сардинија, толку повеќе ми е криво што не останавме повеќе од 10 дена или не се фокусиравме само на југ или север од островот и да го оставиме другиот дел за друг пат. Останаа премногу пинови црвени и непосетени, ама и ако се оди некогаш пак, ќе ни бидат расштркани низ цел остров :)
Ден 1 - пат од Каљари до Алгеро (243км) + плажа Ле Бомбарде (9,7км)
По цел ден пат преку Рим, уште скоро 3 часа до Алгеро, и некој период на расправање за сместувањето, успеавме да се сместиме и одма фативме правец до блиска плажа.Ле Бомбарде се наоѓа само на 20 минути од Алгеро и ни беше најблиска најпрепорачана плажа. Кога стигнавме веќе беше скоро празна. Паркинг не се плаќаше бидејќи беше јуни, инаку се наплаќа во јули и август. Колку за инфо и споредба, чадор со лежалки беше 5€.
Ден 2 - Ла Пелоза + Стинтино (60км)
Ла Пелоза ми беше дефинитивно во топ 3 локации на островот, прекрасна лагуна со поглед на помал остров со уште една куличка - како што ќе видите - исто како скоро на сите плажи :) Водата во поголемиот дел беше ептен плитка, топла и пријатна за пливање. Тука се плаќаше паркинг 5€ за 2 или 3 часа, на улицата паралелна со плажата.Стинтино е мало гратче во близина на Ла Пелоза, симпатично е да се прошета низ него и пристаништето.
Ден 3 - најдолгиот пат: Порто Черво - Брандинчи - Сан Теодоро (160км + 50км + 10км + 155км)
Се одлучивме дека немавме време за архипелагот Ла Мадалена иако секаде се препорачува да се посети, за таму треба цел ден и тура со брод. Одлучивме да поминеме од познатата монденска локација Порто Черво - интересно местенце со куќи кои налекуваат на Флинтстоунс и скапи бутици :)
Остатокот околу него се хотелски комплекси заградени со ѕидови, така што нема што многу да се види иако поминавме неколку часа обидувајќи се да прошетаме во околината во најжешкиот дел од денот и да стигнеме до јахт-клубот Коста Смералда иако тоа не беше плажата што ја баравме. Коста Смералда како плажа е на југ од Порто Черво и на крајот кога сфативме дека е таа, ја скокнавме и отидовме директно кон Брандинчи.
Брандинчи беше интересна плажа со ептен плитка вода и езерце зад појасот од ситна песок, слично на Сан Теодоро и Киа. Останавме кратко и преминавме на другата.
Сан Теодоро беше доста поголема и попосетена плажа со ситна песок и подлабока вода, и езерце со фламинга кои во моментот не беа присутни :) Малку беше тесно со паркинг, па многу од жителите и посетители на околните места имаа дојдено со велосипеди.
Приквечер се вративме назад во Алгеро и шетавме низ стариот град. Неверојатни глетки на зајдисонце можеа да се видат за уживање низ целиот остров.
Ден 4 - Боза (45км)
Прво одлучивме да одиме на плажа во Боза Марина, па да го прошетаме градот попладне. Патот од Алгеро е со многу кривини, но доста широк и комотен за возење, да не зборуваме за неверојатниот поглед покрај морето...Плажата Боза Марина не беше ништо посебно - класична голема песочна плажа со туристи и потемен песок. Водата - се разбира - чиста и со просечна длабочина. Пристаниште со кула. За инфо и споредба, само чадор беше 6€ :)
Она што беше интересно за Боза, беше што паркиравме малку подалеку од центарот на градот и одлучивме да пешачиме повеќе. На почетокот делуваше како обично туристичко гратче со голем булевар (и фала за сенките), но по поминувањето на главниот плоштад нагло влеговме во еден стар град со улици од камена калдрма и прастари згради со цвеќиња на сите тераси.
Стариот град е преубав! Продолживме покрај реката Темо, која поминува низ градот (самиот град не е на плажа) и уживавме во зајдисонцето и целата глетка, а потоа се вративме во центарот на стариот град и седнавме на превкусната морска вечера. Градот има и тврдина, ама веќе нè стемнуваше и одлучивме да не се качиме до горе, така што ако се одлучите да го посетите градов, препорачувам да го направите тоа порано во денот :)
Ден 5 - Алгеро (денски, пред пат на југ)
Последниот ден од северот, половина го искористивме за шетање низ градот кој претходно го гледавме само навечер. Иако не бевме презадоволни од сместувањето, една позитивна работа беше што бевме на 5 минути од стариот град и секоја вечер можевме по малку да прошетаме.
Алгеро е средовековен град, единствен во Италија каде втор официјален јазик е каталонски дијалект и второто име на градот е L'Alguer - Л'Алжер. Доста е туристички и преку лето има дупло повеќе туристи од жители :) Атмосферата е мешано италијанска и шпанска, иако ме потсеќаше и на некои од хрватските приморски гратчиња.
Задолжителна е обиколката околу пристаништето и тврдината и прекрасните улички - која и да ја фатите нема да згрешите. Атмосферата беше преубава, жители на точаци низ калдрми, цвеќиња кои висат од прозорци, келнери ги спремаат рестораните за ручек, туристи си екаат ред за сладолед... има неколку музеи, главната катедрала Санта Марија и некои други знаменитости, но за мене главна атракција остануваат малите шармантни улички :)
На овој линк може да видите некоја слична тура на таа што ја испешачивме низ стариот град.
Покрај море по ѕидините на стариот град |
Прошетка по пристаништето (на северниот дел од градот) |
Оттука, патот под кола и назад кон југот...
0 коментари:
Post a Comment