Showing posts with label одмор. Show all posts
Showing posts with label одмор. Show all posts
Иако сум пред тргање на друг одмор и имам уште еден пост за пишување за Дубаи (не одете летово на 50 степени!), одлучив (кхм, малку доцна) пред-летно да споделам информации за едно постаро патување за кое често ме прашуваат... за најпрекрасниот остров што може да го замислите и посетите во Европа! 

Мајорка (Mallorca шпански, Majorca каталонски) е шпанско-каталонски остров кој спаѓа во Балеарските Острови (Каталонија) со главен град Палма (де Мајорка) и кој нашите агенции доста често го нудат во своите аранжмани... мојот одмор го споделувам од причина што - за истите пари за кои со агенција би дремеле на просечна плажа со милион пијани туристи - си поминав многу поубаво прошетувајќи го целиот остров и откривајќи ги најубавите плажи со големо весело друштво.

* Нагласувам дека ова беше пред три години, па гледајте да си ги ажурирате податоците преку линковите пред да ги земете цените здраво за готово :)

Жал ми е што тогаш бев во период без апарат, така што сликите се здиплени од интернет и од другар ми Дики! - фала ти за дозволата да ги користам :)


Cala Ferrera, Cala d'Or  (flickr.com/photos/ester68)

Трошки > Санта Клара: Куба - дел 8

И конечно, после година дена стигнав до крајот на овој мој кубански дневник... уште се прашувам кој го прочитал освен јас :) 

После две недели турбо шетање и три саати кланкање во стара кола со таксистот од Санта Клара и дечкото на ќерка му, после ѕверење по табли со имиња на хотели, стигнавме во хотелот Барсело Солимар. Во постов не станува збор за градот Варадеро, туку за туристичкиот полуостров исполнет со еден куп хотели, рајот за туристите и канадските пензионери.

На крајот на постов додавам и видео склопено од снимките што ги направив низ целото патување... 





Конечно, после година и нешто од патувањето, на ред доаѓа да го завршам серијалот со последниве два поста - револуционерниов и уживантскиот - се надевам пред Нова Година :)

Санта Клара е последниот град што го посетивме пред одмориме на плажа во Варадеро. Се наоѓа во централниот дел на островот и е студентски град со еден од најценетите универзитети во светот.

Иако градот не е нешто посебно сам по себе, одењето не беше залудно - Санта Клара е градот каде сѐ е во знакот на Ернесто Рафаел Гевара де ла Серна, кој го знаете како Че Гевара - споменици, графити, реклами, како и официјалниот Музеј за Че и Мевзолејот каде тој почива заедно со уште 12 војници кои биле убиени со него.

Она што е интересно за овој блог пост е тоа што последната битка што го срушила режимот на Батиста во 1958/9 година и го означила крајот на Кубанската револуција се одвивала во Санта Клара и тој дух сѐ уште многу живописно може да се почувствува на улиците на овој град.

графит со Че на автобуската станица
После огромниот подвиг за планирање неверојатен одмор на Куба, уште додека бевме таму, одлучивме дека следниот одмор ќе ни биде поскоро (во јуни) и тоа негде во близина каде што може да одиме со кола и каде што има добри плажи. Знаевме доста луѓе што веќе отишле по грчките острови во Јонско Море (и преку агенција и во сопствена режија), па отприлика знаевме што сакаме да најдеме и каде да го бараме тоа. Така, падна договорот на Лефкада - островот на зајдисонцата.

Јуни е супер за користење стари одмори и да се усогласи друштвото, денот е најдолг во годината и шансата за лошо време на остров е минимална (и да врне не трае повеќе од 2-3 дена). Планот беше да најдеме цела куќа/вила за 6-10 луѓе и да ја накрцаме со стандардното друштво со кое секогаш одиме по викендици низ Македонија.

На крајот, некако не успеавме да се собереме доволно голем број за тој план, па резервиравме апартман за четворица; а потоа успеаја да ни се придружат уште тројца другари во последен момент.

Многу луѓе ме прашуваа за тоа каде е најдобро да се сместат, како да патуваат и контакт од апартманот, па морав да смогнам сили и да напишам еден пост за неодамнешниот одмор иако сè уште немам завршено со постовите за претходниот :)


*** Сликите се од моето патување и бидејќи сум приврзаник на Криејтив Комонс, ако ги споделувате, линкајте назад на овој блог. Благодарам однапред.



Трошки >  Тринидад: Куба - дел 6

Сиенфуегос (буквален превод - сто огнови) го нарекуваат бисер на југот - la perla del sur - и, за разлика од другите градови, е основан од француски имигранти во 1819 година, па дури десетина години подоцна бил населен од Шпанците. Интересно е што е основан на брегот на заливот - bahia de Cienfuegos кој е затворен скоро како лагуна и заштитен е од страна на УНЕСКО.

Пред Кастро да дојде на власт, градот бил бетер од Лас Вегас, Американци и Канаѓани слетувале директно на локалниот аеродром, имало многу забави, пиење, дрога, проституција... you name it. Кастро сè тоа фино го забранил со големи казни, така што сега млади девојки бегаа од странци ако ги прашаат за насока само за да не ги уапсат заради можна понуда за проституција... иако... во хостелот до нас беа сместени црн, згоден и зборлест Кубанец со дебела, грда, бело-изгорена Британка, ама ај да не изведувам заклучоци, само два збора разменивме на вечера :)

Градот и заливите Сиенфуегос и Хагуа.

Трошки > Хавана: Куба - дел 3

Од Хавана, продолживме преку Вињалес до пустиот рајски остров во секоја смисла на зборот - Кајо Левиса (Cayo Levisa). Многу би сакала себично да си го чувам тоа искуство за себе, ама  уште повеќе би ме радувало уште некој луд како нас да се осмели да отиде и да го доживее она што го доживеавме и ние.

Островот го откривме случајно барајќи понуди за хотел за на крајот од патувањето (нели, од почеток намерата ни беше да шетаме 2 недели, па 1 недела да одмараме од искуството на некоја типично-туристичка плажа). И, така случајно, можеби беше и најубавиот дел од патувањето... го правевме она што навистина би го помислиле кога би ве прашале што би правеле кога би се нашле на пуст остров?

.