Туристичка виза за Америка


54 comments
Дополнување и предупредување (септември 2014): откако беше објавен овој пост, процедурата е променета. Доколку имате повеќе информации, слободно пишете за да ги освежиме информациите.

Ако сте биле во Америка (САД, да не се лутат јужњаците), шансата е 90% да сте биле преку Work and Travel програмите од нашите туристички агенции за кои се вади посебна виза со која ќе имате дозвола за работа... 

Но, ако сакате да одите во туристичка посета (како што мене ми се прави филм за возење по Route 66 некој ден), потребна ви е виза... пред вас е гостински пост на Александра Шушевска (partner in crime за некои патувања) која ви објаснува во детали како да дојдете до виза, фала Алекс! :)

Photo: roadtripit.wordpress.com



Процедура за добивање американска туристичка виза за 10 години

1. Купување PIN за закажување интервју

Процедурата за добивање американска виза започнува со купување PIN. PIN-от чини 600 ден и се купува единствено во Комерцијална Банка со важечки пасош.

2. Закажување интервју

Интервју може да закажете после 24 часа од купувањето на PIN-от. Интервјуто се закажува од понеделник до петок 08.00-17.00ч на телефон 02/309 90 90 со внесување на PIN-от. PIN-от може да се искористи за повеќе јавувања со вкупно времетраење од 7 минути во текот на една година. Со еден PIN може да се закаже интервју за повеќе лица. При закажување на интервју потребни се следните податоци:
-          Име и презиме
-          Број на пасош
-          Телефонски број
-          E-mail адреса
-          Причина за патување
-          Период за патување (се препорачува да закажете барем месец-два пред патувањето)
Откако ќе закажете, ќе добиете e-mail со потврда за закажаниот термин за интервју, како и детално упатство за подготовка на потребните документи.


3. Подготовка на документи

Сите документи што треба да ги приложите во амбасадата треба да се оригинални. По завршување на интервјуто, сите документи ќе ви бидат вратени, така што нема потреба да се прават копии, заверки на нотар и слично.

Задолжителни документи:

-          Пасош кој е валиден најмалку шест месеци после вашиот планиран датум за влез во САД
-          Потврда за пополнет формулар за аплицирање DS-160 (Confirmation page): Формуларот за аплицирање за виза се пополнува електронски на адресата  https://ceac.state.gov/genniv најдоцна 3 дена пред закажаното интервју. Во формуларот треба да се наведе ваше контакт лице што живее во Америка, со точна адреса, телефон и e-mail. Исто така во формуларот треба да се вметне и дигитална фотографија. На крајот треба да се отпечати страната со потврда (Confirmation page) и истата да се приложи во амбасадата.
-          Потврда за платена административна такса: Таксата изнесува $160 во денарска противвредност и се плаќа исклучиво во Комерцијална Банка. Се добиваат 2 копии од извршеното плаќање и истите треба да се приложат во амбасадата.
-          Една фотографија 5х5 cm не постара од 6 месеци: Фотографијата мора да ги задоволува следните барања: ликот треба да гледа директно во камерата, фотографијата да биде во боја, со бела позадина, се препорачува ушите да се гледаат, да не се носат очила кои прават отсјај или се затемнети, прекривки на главата не се дозволуваат (освен ако не се носат од религиозни причини). 
-          Гарантно писмо доколку некој од Америка ги плаќа трошоците за патувањето или детален извод од сметка во банка за последните 3 месеци ако сами си ги плаќате трошоците

Дополнителни документи кои треба/може да ги доставите се сите документи кои ја покажуваат вашата силна врска со Македонија и ќе ви ги зголемат шансите за добивање виза. Како дополнителни документи кои може да ги доставите се:

-          Потврда за редовен работен однос и месечни примања (за вработени): доволно е да пишува дека сте во редовен работен однос и да е наведена просечната плата од последните 3 месеци
-          Потврда од банка за паричен депозит (доколку имате)
-          Извод од матична книга на венчани (за венчани)
-          Имотни листови за поседување недвижнина (имот на ваше име или на име на вашите родители)
-          Стар пасош доколку претходно сте патувале повеќе. Пасошот носете го со себе и дадете го само доколку ви го побараат за време на интервјуто.
-          .......

4. Интервју

За да стигнете до интервју, најпрво треба да поминете детален безбедносен преглед. Во амбасата не е дозволено носење на никакви електронски уреди, вклучувајќи usb и токен, и секој сомителен предмет ќе биде задржан. За да не се чувствувате како криминалец на детален претрес, препорака е со вас да ги носите само документите и ништо повеќе, бидејќи ништо друго не ви треба J

Самото интервју трае 3-5 минути доколку се е во ред J Генерално ги поставуваат прашањата што ги има во формуларот: причина за патувањето, каде ќе одите и колку долго ќе останете, што и колку време работите, дали и каде сте патувале претходно...


5.  Земање виза

Сите одобрени визи ги издаваат еден ден после интервјуто во 15.00ч. Визата може да ја земе кој било (не мора лично) со картончето за подигнување на виза.

54 comments: Leave Your Comments

  1. Ама лесно звучи :))

    ReplyDelete
    Replies
    1. И лесно е.. ако си вработен :) Знам петмина што без проблем добија виза во последниве 6 месеци..

      Delete
  2. Александра може малце повеке информации да кажеш за гарантното писмо? што треба да пишува во него , дали треба да биде заверено и во која држава - со печат? , како да го добијам - преку пошта или мејл?
    имам пријател таму којшто е подолго време ама нема зелена карта
    како тој може да ми помогне

    и најбитното што одговараше на прашањата што ти ги поставуваа ?
    колку време кажа дека ке престојуваш?

    ми се свига постот
    ретко кој вака надробено објаснува

    инаку јас имам добиено пред 2 години Ј1 виза кога бев студент
    дали има шанси сега за туристичка ?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво Мите, во продолжение е одговорот од Александра:

      За жал немам информации за гарантното писмо. Колку што имам слушнато и за други визи обично гарантните писма ги испраќаат по факс директно во амбасадата. Веројатно треба да биде некаква потврда дека лицето може да ги покрие твоите патни трошоци, но дали има строго определена форма, дали се потребни заверки, печати и сл., не знам.
      Другарот кој што е таму во формуларот можеш да го наведеш како контакт лице од Америка и место каде што би престојувал (ако тоа е така). Не мора да има зелена карта, сигурно има уредна студентска / работна виза штом веќе е таму :)
      Одговорите што ги давав беа истите што ги наведов во формуларот. Ако си вработен сигурно не можеш да престојуваш повеќе од 3-4 седмици :)
      Доколку не си бил одбиен за виза до сега и ако ги исполнуваш потребните услови мислам дека нема зошто да не добиеш и туристичка виза.
      Забелешка: Од 1 Декември има измени во процедурата за аплицирање и истите ќе бидат објавени штом ги дознаеме сите детали.

      Delete
  3. единствена измена којашто ја знам е дека нема повеке да се купува пин од декември

    многу опширно е опишано на сајтот
    не се потенцира каков точно документ е потребен од лицето во Америка

    инаку не мора да биде од роднинска врска така ?
    јас сепак мислам дека мора да биде жител на USA
    не може ти туку така да одиш да посетуваш македонец со студентска виза

    Evidence which shows the purpose of the trip, intent to depart the United States, and arrangements made to cover the costs of the trip may be provided. It is impossible to specify the exact form the documentation should take since applicants' circumstances vary greatly.
    Those applicants who do not have sufficient funds to support themselves while in the U.S. must present convincing evidence that an interested person will provide support.
    Depending on individual circumstances, applicants may provide other documentation substantiating the trip's purpose and specifying the nature of binding obligations, such as family ties or employment, which would compel their return abroad.

    ReplyDelete
  4. штотуку прочитав дека не требало гарантно писмо
    колку е точно не знам

    постот го цитирам од кајгана форумот

    Во однос на потребни документи, значи гарантно писмо не треба, порано беше условен документ но веќе не, јас добив туристичка за 1 година, меѓутоа бев студент, носев индекс, потврда од факс, потврда за работен однос на моите родители, толку.. и секако формулар. Ако твоите имаат пари во банка - може извештај да приложите, ако не, во формуларот ќе наведете дека роднините ќе ви ги платат сите трошоци (ако имате роднини). Во принцип, најлесно е така со роднини, ако си студент преку work and travel.. Ако имаш повеќе пари како за шетање.. Значи се зависи од вас..
    Прашања поставуваат од секој тип, зошто одиш, што правиш во животот , кој се твоите планови, кого ооставаш тука - односно кој имаш (брат, сестра), што прават тие, дали си посетил други држави, дали твоите роднини биле во македонија и кога.. Ако ти дадат виза колку време ќе седиш и тоа

    ReplyDelete
    Replies
    1. Извини што порано не сум одговорила... ама да, мислам дека не треба некое посебно гарантно писмо, туку да кажеш кого посетуваш - ги имаат сите во компјутер и одма ќе проверат :) Интервјуто е кратко и веднаш се познава кој е сомнителен за бегање, а кој ги има сите документи за да потврди дека има причина да се врати назад... така што, не би требало да има проблем.

      Поздрав и со среќа :)

      Delete
  5. Здраво, гледам дека има неодамнешни постирања на блогот. Ми треба мислење од вас: сакам да аплицирам за туристичка виза, претходно има две Ј1 визи, вработена сум веке 5-6 месеци, и сум мажена. Имам гаранција и покана за на веридба. Сопругот исто работи, во сопствена фирма и не бил во уса. Кои се шанисте да добиеме виза или некој од нас да не одбјат?
    Фала

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво,
      Мислам дека никој никогаш нема стопроцентна гаранција дека ќе добие виза. Јас иако не сум аплицирала, мислам дека сите тие документи што ве обврзуваат да се вратите назад, пари на сметка и поканата за на гости, би требало да се доволен доказ дека одењето е туристичко и не би требало да имате проблем за добивање на виза и двајцата. Најчесто се одобрува виза за 10 години, така што може ќе имате шанса и да отидете на свадбата :) Среќно!

      Delete
  6. Фала за одговорот :)
    А дали мислите дека е потребно да се достави извод од банка за плата, или доволно е само м1м2 образец и потврда од фирмата со печат за просечна плата за последните 3 месеци?

    ReplyDelete
    Replies
    1. За британска виза беше потребен и извод од банка зашто писмото од работодавач не беше доволно, мислам дека е добро да се има и за американскава.. на англиски во НЛБ чинеше 100-150 денари. Во писмото од работодавачот да стои платата, дека сте во редовен работен однос и дека имате денови одмор за користење.

      Delete
    2. Дополнување од Александра: мора извод од банка, така ми рекоа и по телефон и во маилот така пишуваше. Побитно им е да имаш прилив на пари, отколку од каде ги добиваш истите.

      Delete
  7. добро сите документи нели се доставуваат на македонски ?
    и како тој таму на шалтер разбира македонски ?

    ReplyDelete
    Replies
    1. На Александра, потврдата од работа и имотниот лист за станот и биле на македонски, а изводот од банка и потврда за депозит на англиски. Работеле и наши луѓе таму, има преведувачи и наши и Aлбанци.

      Delete
  8. Zdravo.
    Postojano sum vraboten vo ELEM od 1995 g. so redovni primanja od okolu 32000 denari preku banka.Imam stan na moe ime.Ozenet so 2 deca.Sum bil vo nekolku evropski drzavi.Imam namera da odam na setanje vo Amerika.No,nemam nikoj poznat vo Amerika za garantno pismo.Dali imam nekoja sansa za dobivanje turisticka viza i na koj nacin da zakazam termin?
    Blagodaram.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво, се извинувам за доцниот одговор. Јас не гледам да има проблем за издавање виза, но никој не може да гарантира, особено не некој што води личен блог :) Штом немате никој познат ви препорачувам да резервирате сместување каде планирате да престојувате и тоа да го приложите како некоја гаранција за поголема шанса за добивање на виза. Во постот има оставено број за закажување на интервју во амбасада.

      Инаку мислам дека откривате премногу лични детали, така што ви препорачувам да го избришете коментарот самите.

      Поздрав и со среќа

      Delete
    2. Може да го прочитате и коментарот од karcheska подолу :)

      Delete
  9. Happy news: Добивме виза и јас и сопругот и тоа за 10 години ни дадоа. Thanks за одговорите :)
    А изводи им однесов за двајцата.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Многу ми е драго и убаво да си поминете! :)

      Delete
  10. За Бране: сум слушнала дека доколку одиш без гаранција најдобро е да имаш резервација од хотел, и никако да не одиш сам, односно да бараш и за сопругата, зошто сам е помала веројатноста дека ќе те пуштат. Ако ви дадат виза на двајцата може потоа и сам да одиш.

    ReplyDelete
  11. karcheska честитам за визите

    дали може подетално да ми кажеш како изгледаше и што пишуваше на поканата и како го доби

    и како се одвиваше самото интервју
    дали гњавеа многу ?

    ReplyDelete
  12. Zdravo,

    Moze li nekoj da mi dade informacija dali e potrebno poznavanje na angliski jazik za intervjuto? Majka mi saka da aplicira za turisticka visa no ne moze da ostvari solidna komunikacija.
    Dali Amerikanskata Ambasada ima preveduvaci za takvite slucai?

    Blagodaram

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво,
      Мислам дека ми спомнаа некои од другарите додека чекале за интервју дека имало Албанци кои побарале преведувач и им бил обезбеден, така што не би требало да биде проблем, но прашајте во амбасадата за секој случај пред да одите.
      Поздрав!

      Delete
  13. здраво форумов го видов на среќа па ме интересира нешто имам повеќе прашања!! значи сакам да одам во Америка ама како турист само да прошетам малку во Америка како да речам на еден кртаок одмор мислам не сам повеќе другари сме па тоа ни е плано е проблем е што немаме познати во Америка мислам имаме ама тие никој немат документи и се отидени скоро време и неможат ништо да ни помогнат за писмо и слично..а онака на сметка имаме сите пари што сме собирале и работиле трујца другари сме се вкупно мислам сите заеднички пари на сметка ни се околу 10 илјади евра некаде..на наше име јас имам моја куќа и плус онака нешто ниви и слични работи не работеме никој државно само сме онака келнери е сеа битно ми е што да однесеме во амбасадата за да добиеме виза барем на 1 месец ако не повеќе за да може да прошетаме малце по Америка хотел ли да зафанеме и слично помагајте :D

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво Даниел,
      Писмо во секој случај би помогнало, ама не би требало да е задолжително. Мислам дека гаранција од факултет/работа дека сте студенти/вработени со обврски поради кои би требало да се вратите во Македонија и доволна сума на пари со редовен прилив на сметка би требало да се доволни за гаранција за виза... мора да се пробате и да изгледате што помалку сомнително :)) Визата ако ви ја одобрат, обично ја даваат на 10 години со престој од 3 месеци... Со среќа! :)

      Delete
  14. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Марија, се надевам дека го видовте одговорот до Даниел... Поздрав и со среќа :)

      Delete
  15. Zdravo :) Pak jas, planiram da baram viza vo mart, megutoa ne znam sto da prilozam dali pismo ili rezervacija od hotel, drugite dokumenti ne se problem. Edna prijatelka mi rece deka podobro bilo rezervacija od hotel, otkolku pismo, zatoa sto ako prilozis pismo toa povlekuvalo i drugi prasanja, pa zosto , pa kako, itn... Ve molam za vase mislenje. Blagodaram :)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Па да, сигурно повлекува прашања, ама ако не се проблем да се одговорат во ред е и со писмо. Хотелска резервација во текот на целиот престој и повратна авионска карта ( и доказ дека нешто би ве вратило назад во Македонија ) во секој случај се доволна потврда за да немате проблеми :) Ако дознаете уште некоја корисна информација, слободно споделете.

      Delete
  16. Здраво, јас запознав дечко кој што е Американец и сакам да идам во САД за да поминеме некое време заедно, тој ќе ги покрие моите трошоци за патувањето, јас сум студент. Мислиш дека е доволно за да ја добијам визата?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Искрено, појма немам :) како и да е, пробај си ја среќата, само пази дека процедурата е сменета во меѓувреме.

      Delete
  17. Zdravo, gi citav site vasi odgovori i bas me interesira vaseto mislenje
    Sakam da baram turisicka viza sa SAD mojata zena skoro 2 god ima viza za 10 god zaposlen sum od 2009, imam 3 deca sto odat vo sredno skolo, imam garancia od bratuced sto mislite kolku se sansite jas da dobijam viza

    ReplyDelete
    Replies
    1. Жалам, но не можам да давам моја проценка кога ни јас самата немам вадено виза. Условите и шансите се индивидуални, ваше е да се обидете со целата документација што можете да ја соберете.

      Delete
  18. Здраво. Имам едно прашање, сакам да ја платам административната такса за виза за америчка амбасада. не можам да го најдам образецот. дали има шанси да добијам линк за образецот? благодарам многу

    ReplyDelete
    Replies
    1. Според моите информатори сите информации се добиваат откако ќе ја пополниш апликацијата на веб страната, веројатно има и опција за онлајн плаќање.
      Поздрав :)

      Delete
    2. п.с. на страната има и можност за плаќање по телефон и во Комерцијална

      - The MRV fee (visa application fee) may be paid online or over the telephone, with a MasterCard or Visa credit card. It may also be paid in person in Macedonia at any Komercijalna Banka location using Denars or in Kosovo at any Raiffeisen Bank, using Euros. Applicants who wish to pay at a bank must first log on to http://usvisa-info.com to print a deposit slip.

      Delete
  19. Zdravo sakav da ve prasam za podetalni informacii od pocetok do kraj.
    Rabotam skoro 1 godina dali imam sansa za viza bilo kakva po moznost rabotna a i ne e mnogu bitno
    kade se ode na intervju i koi dokumenti mi se potrebni za da odam na strana
    vi blagodaram odnapred

    ReplyDelete
    Replies
    1. Тешко од мене да добиеш информација за ова што ти треба, работна виза би можел да добиеш само ако веќе имаш најдено таму работодавач кој ќе гарантира за тебе. За повеќе информации најдобро да си провериш на сајтот https://usvisa-info.com/ , да се информираш во амбасадата или со некој кој вадел веќе виза и има лично искуство, јас не сум таква. Можеш да ги прашаш и агенциите што договараат work and travel за студенти. Поздрав

      Delete
    2. Ti blagodaram mnogu i za ovaa informacija pa ako ne ispadne nisto od ova ce te prasuvam za turisticka viza

      Delete
  20. Здраво, јас сакам да прашам дали би имала проблем за добивање на туристичка доколку имам само гарантно писмо од роднини бидејки сум вонреден студент на медицински факултет но бидејки почнав да волонтирам го запоставив факултетот и немам мн положени испити..од друга страна имам договор за волонтирање за 3 месеци но би назначила дека би морала да се вратам во јуни бидејки треба да ги полагам иститите што сега не сум стигнала да ги положам и дека секој волонтер има можност тој договор да го продолжи по истекување на тие 3 месеци..?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Навистина не би можела да ти кажам, знам само дека секој документ што би потврдил дека мора да се вратиш назад ти е некаква предност, а гаранција дали ќе ти одобрат виза не може никој да ти даде :/

      Delete
  21. Здраво! Сакам да прашам дали би имала проблем со добивање на туристичка виза , доколку претходно сум одбиена од Ј1 Виза. Еднаш имам одено како студент. Запишав се на постдипломски студии и повторно аплицирав ама ме одбија од причина што не сум ги исполнувала потребните услови. Сега сакам да аплицирам за туристичка виза и би сакала да знам дали има шанси да ми дадат виза. Благодарам многу

    ReplyDelete
    Replies
    1. За жал не би знаела да ти кажам. Доколку ти се ризикува да аплицираш, собери ги сите можни документи што може да ти помогнат да потврдиш дека би се вратила после престојот, тоа би ти била најдобрата шанса. Со среќа.

      Delete
  22. Здраво, сакам да те прашам дали може девојка ми која е отидена летово со студенска виза на Work and travel може да ми биде мене гаранција за туристичка? Јас сум вработен и имам кола на мое име ама со пари немам нешто многу на сметка. Па ако би знаела да ми кажеш кои опции би биле добри за јас да добија туристичка и да отидам на крајот на летото кога на девојка ми ке и заврши работната виза па 1 недела да прошетаме низ Америка. Дали може она да ми биде некоја гаранција или пак да ми прати пари па јас така да приложам дека имам доволно за шетање за 1 недела? Поздрав

    ReplyDelete
    Replies
    1. Жалам што не знам какви ти се шансите за виза и не можам да прогнозирам. Најдобро да прашаш во агенцијата преку која оди девојката дали имале претходно таков случај. Веројатно најцврста врска што можеш да ја приложиш ти е вработувањето како причина дека треба да се вратиш назад. Со среќа!

      Delete
  23. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete
  24. Zdravo malku ne mi e jasno nesto pa dokolku moze da mi objasni nekoj znaci vaka...vreboten sum imam rodnini vo US ke mi pratat garantno pismo so nekojsi zlaten pecat kao poveke drzelo voda toj a dali treba na toj dokument da pisuva od koga do koga jas treba da prestojuvam kaj niv ili...

    ReplyDelete
    Replies
    1. Не би знаела да кажам, но штом има некој официјален формат веројатно ќе има и датуми на престој во самиот формулар. Најдобро да прашаат таму каде што ќе вадат гарантно писмо или вие да си прашате во амбасадата тука. Поздрав

      Delete
  25. Здраво. Јас сум студент. Имам роднини во New York. Од фамилијата немам никој вработени. Иначе се работи за туристичка виза. Дали би претставувало проблем доколку не поднесам документ за примање на приходи?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво Тане, ако немаш гаранција од роднините дека ќе го покријат твојот престој и никакви приходи од тука, најверојатно ти се многу мали шансите да ти биде одобрена виза.. најбитно е да докажеш дека имаш средства да одиш и имаш обврски за да се вратиш назад. За жал не можам да ти кажам ни со сигурност дали е тоа случај, најдобро е да ги собереш сите документи што можеш и да се пробаш... со среќа!

      Delete
    2. Zdravo zakam da prasam za turisticka viza, momentalno ne sum vraboten mi zavrsi rabotniot odnos pred 2 meseci, ke dobijam garantno pismo od amerika imam potvrda za redoven student i ke vadam bankarski izvod, so solidna suma na pari. P a bi sakal da znam kakvi se sansite za dobivanje viza. Pozdrav

      Delete
    3. Здраво.. ако ги прочиташ сите мои одговори погоре, никој не може да ти каже дали и колкави ти се шансите за добивање на виза, единствено можеш да се обидеш. Среќно!

      Delete
  26. KOI SE POTREBNITE DOKUMENTI KOGA KE SE OMAZAM ZA AMERIKANEC ZA DA ZIVVEAM VO AMERIKA KE MI KAZE NEKOJ? BLAGODARAM

    ReplyDelete
    Replies
    1. Најточна информација ќе ви кажат во амбасада :) Поздрав.

      Delete

.