Трошки >
Хавана: Куба - дел 3
Од Хавана, продолживме преку Вињалес до пустиот
рајски остров во секоја смисла на зборот - Кајо Левиса (
Cayo Levisa). Многу би сакала себично да си го чувам тоа искуство за себе, ама уште повеќе би ме радувало уште некој луд како нас да се осмели да отиде и да го доживее она што го доживеавме и ние.
Островот го откривме случајно барајќи понуди за хотел за на крајот од патувањето (нели, од почеток намерата ни беше да шетаме 2 недели, па 1 недела да одмараме од искуството на некоја типично-туристичка плажа). И, така случајно, можеби беше и најубавиот дел од патувањето... го правевме она што навистина би го помислиле кога би ве прашале што би правеле кога би се нашле на пуст остров?