Трошки: Куба - дел 1

Слетуваш на аеродромот во Хавана - ист како кој било аеродром низ Европа. Одиш по тесни ходничиња и те пречекува огромна хала со дваесетина шалтери кои во прв ред имаат згодни црномурести девојки со врзани коси во пунџа. После саат време влегуваш во ходникот во малку позадниот шалтер, те пречекува малку погрда црномуреста тетка со намрштена фаца и после прегледувањето на документите и сомнителниот поглед на одговорот на прашањето „Visado?“ ти удира печат на ливче и ти вика „Bienvenida a Cuba“. И тогаш - се мести насмевка на лицето, одма потоа загриженост дали стигнал багажот (зашто нема да имаш време да го чекаш една недела во еден град) и кога сето тоа е во ред, пак насмевка зашто сфаќаш дека те двои уште една лизгачка врата од Куба.


.