Трошки >  Тринидад: Куба - дел 6

Сиенфуегос (буквален превод - сто огнови) го нарекуваат бисер на југот - la perla del sur - и, за разлика од другите градови, е основан од француски имигранти во 1819 година, па дури десетина години подоцна бил населен од Шпанците. Интересно е што е основан на брегот на заливот - bahia de Cienfuegos кој е затворен скоро како лагуна и заштитен е од страна на УНЕСКО.

Пред Кастро да дојде на власт, градот бил бетер од Лас Вегас, Американци и Канаѓани слетувале директно на локалниот аеродром, имало многу забави, пиење, дрога, проституција... you name it. Кастро сè тоа фино го забранил со големи казни, така што сега млади девојки бегаа од странци ако ги прашаат за насока само за да не ги уапсат заради можна понуда за проституција... иако... во хостелот до нас беа сместени црн, згоден и зборлест Кубанец со дебела, грда, бело-изгорена Британка, ама ај да не изведувам заклучоци, само два збора разменивме на вечера :)

Градот и заливите Сиенфуегос и Хагуа.

.