Пред точно 2 месеци на барање на Јане, наместо само презентација на фотографии напишав текст со совети фотографирање при патувања за на неговиот блог PCK Laboratory. Конечно еве го и кај мене преведен, а оригиналот сѐ уште може да го најдете тука :)

Никогаш не сум се сметала дека сум фотограф, но можам да кажам дека отсеткогаш сум била „визуелен“ ученик, односно ме интересирале визуелните уметности. Како инженер по информатика и информациски технологии кој одлута во веб дизајнот (и има навистина лоша, ужасна меморија!) наклонета сум да ги чувам споментите во пишан и визуелен дневник.

Страста за патувања почна од 2006-та година и оттогаш се трудам да ги зачувам моментите од мојот живот низ фото-записи исто толку колку што запишувам ситници во моето патувачко дневниче. Како поранешен блогер и некој кој пишувал огромни мејлови за да ги одговори прашањата на другарите за некое место кое претходно сум го посетила, го започнав и овој блог преточувајќи го искуството во патувањата и фотографите во еден корисен онлајн дневник.

Еве неколку корисни совети за фотографирање при патувања кои сум ги сфатила патем.

1. Улови го духот на улиците


Убавината на еден град не е во неговите згради, туку во луѓето помеѓу нив. Научете повеќе за местото пред да го посетите и покрај стандардните туристички знаменитости, научете за настаните кои се одвиваат додека сте таму, прашајте за летни прослави (фиести), фестивали и места кои се во близина а вреди да се посетат и шетајте што можете повеќе наместо да користите јавен превоз. Обидете се да ги уловите моментите од секојдневниот живот додека шетате наоколу. И секогаш одете на отворените локални пазари за храна и друго, можете многу да научите за нечија култура од работите што ги продаваат таму.

Белград, Србија, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]Париз, Франција, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]
.