Совети за патеписна фотографија

27 October 2013 //
Leave a Comment
Пред точно 2 месеци на барање на Јане, наместо само презентација на фотографии напишав текст со совети фотографирање при патувања за на неговиот блог PCK Laboratory. Конечно еве го и кај мене преведен, а оригиналот сѐ уште може да го најдете тука :)

Никогаш не сум се сметала дека сум фотограф, но можам да кажам дека отсеткогаш сум била „визуелен“ ученик, односно ме интересирале визуелните уметности. Како инженер по информатика и информациски технологии кој одлута во веб дизајнот (и има навистина лоша, ужасна меморија!) наклонета сум да ги чувам споментите во пишан и визуелен дневник.

Страста за патувања почна од 2006-та година и оттогаш се трудам да ги зачувам моментите од мојот живот низ фото-записи исто толку колку што запишувам ситници во моето патувачко дневниче. Како поранешен блогер и некој кој пишувал огромни мејлови за да ги одговори прашањата на другарите за некое место кое претходно сум го посетила, го започнав и овој блог преточувајќи го искуството во патувањата и фотографите во еден корисен онлајн дневник.

Еве неколку корисни совети за фотографирање при патувања кои сум ги сфатила патем.

1. Улови го духот на улиците


Убавината на еден град не е во неговите згради, туку во луѓето помеѓу нив. Научете повеќе за местото пред да го посетите и покрај стандардните туристички знаменитости, научете за настаните кои се одвиваат додека сте таму, прашајте за летни прослави (фиести), фестивали и места кои се во близина а вреди да се посетат и шетајте што можете повеќе наместо да користите јавен превоз. Обидете се да ги уловите моментите од секојдневниот живот додека шетате наоколу. И секогаш одете на отворените локални пазари за храна и друго, можете многу да научите за нечија култура од работите што ги продаваат таму.

Белград, Србија, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]Париз, Франција, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]

Париз, Франција, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]

Париз, Франција, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]Хавана, Куба, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]

Верона, Италија, 2012 [Nikon D90, 18-105mm]
Цирих, Швајцарија, 2012 [Nikon D90, 18-105mm]
Минхен, Германија, 2012/3 [Nikon D90, 18-105mm & 50mm]
Дубаи, 2013 [Nikon D90, 50mm]
Дубаи, 2013 [Nikon D90, 50mm]
Ираклион, Крит, 2013 [Nikon D90, 50mm]

2. Разговарај со локалците


Мхм, секогаш може да зумирате и да фатите одличен момент од личност која изгледа поинаку од луѓето во вашата култура додека прават нешто што никој во вашиот град не би го правел... но размислете дали вие би сакале некој да ве слика без ваша дозвола додека одите низ вашиот град? Иако можеби малку ласка, јас би рекла дека би сакала да знам каде ќе заврши таа моја фотографија.

Одвојте момент за да разговарате со локалците, а потоа може да се сликнете заедно со нив или да ги прашате да продолжат со нивната работа за да може да уловите добра фотографија. Ако не сте расположени за муабет, тогаш може само да покажете на вашиот апарат и да направите прашална фаца, а ако ве одбијат не е страшно. Од моето искуство дури и Арапите кои не сакаат да бидат фотографирани ми дозволија да сликнам на брзина... а ако им ја покажете фотографијата потоа би бил исто така убав потег. Како бонус на тоа, може да дознаете за некои места кои вредат да се посетат и да се фотографираат! Ако случајно некого сликате од далечина и не можете да стапите во контакт со нив, обидете се да не ги прикажувате лицата на фотографијата и имајте почит за нивната приватност.

Некои од фотографиите можеби нема да имаат „уметничка“ вредност, ама сигурно ќе бидат убаво сеќавање кое би сакале да го имате зачувано „на филм“.

Многу работи се учат од шанкер
Хавана, Куба, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]

„Купи ни рум и добиваш бесплатен дрвен приврзок“
Сиенфуегос, Куба, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]

Колку често може да запознаете и да пиете заедно со Кинескиња и куп Кубанци?
Санта Клара, Куба, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]

Прашуваш за дозвола, добиваш кафе
Дубаи, 2013 [Nikon D90, 50mm]

Или ако не прашаш, добиваш ваков лут поглед!
Сиенфуегос, Куба, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]


3. Јади и пиј работи кои не ти се пробани


Сите имаат пробано кроасани, но дали сте ги пробале различните типови на француски кроасани и огромно „макарун“ со киви и малини кој буквално може да ве натера да плачете од среќа? А јастог подготвен со лук, свежо кубанско овошје или швајцарски чоколада? Сите фотографии кои ќе предизвикаат да ви се лачи плунка во устата може да бидат најприфатени меѓу вашите пријатели, прашувајќи ве за вкусовите кои сте ги доживеале или дали сте донеле нешто и за нив. Секогаш пијте ги локалните вина и пива!

Макарун со малини
Париз, Франција, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]
Свеж кокос
Кајо Левиса, Куба, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]
Јастог со лук подготвен од домаќините
Тринидад, Куба, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]
Италијанска пица со пршута и рукола
Верона, Италија, 2012 [Nikon D90, 18-105mm]
Сето тоа чоколадо!
Луцерн, Швајцарија, 2012 [Nikon D90, 18-105mm]
Пиво од локалната пиварница
Луцерн, Швајцарија, 2012 [Nikon D90, 18-105mm]
Кафе и лебкухен (медењак)
Варено вино на Божиќен маркет
Минхен, Германија, 2012/3 [Nikon D90, 50mm]
Хумус, фалафел, пилешко со халуми сирење...
Дубаи, 2013 [Nikon D90, 50mm]
Пилешки сендвич и грчка салата
Фаласарна, Крит, 2013 [Nikon D90, 50mm]

4. Покажи ги деталите


Некогаш ќе забележите некој детаљ и сте фотографирале широка слика, но ако не зумирате за деталите, никој нема да го забележи тоа на вашата фотографија. Некогаш и фотографија од вашите ножни прсти на плажа може да ни каже многу работи... дека сте пиеле пиво и дека песокот е ситен :)
Зумирајте и раскажете ја приказната за таа фотографија која инаку луѓето не би можеле да ја забележат.

Мостот на љубовниците
Париз, Франција, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]
Прсти и пиво
Сарти, Грција, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]
Како се пуши кубанска пура
Вињалес, Куба, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]
Верона, Италија, 2012 [Nikon D90, 18-105mm]
Дружба после јавање
Галичник, Македонија 2012
[Nikon D90, 18-105mm]
„Среќна“ статуа
    Минхен, Германија, 2012/3
[Nikon D90, 18-105mm]
Детали од ентериер
Дубаи, 2013 [Nikon D90, 50mm]
Замислен човек
Дубаи, 2013 [Nikon D90, 50mm]

5. Забележи ја природата околу себе


Голем дел од животот во некое место може да биде одреден според специфична флора и фауна, особено ако има некои растенија и животни кои не можете да ги видете во вашата околина. Нека зборуваат за разликата и убавата природа на земјата која ја посетувате. Ова се времиња кога би сакале вашиот апарат да биде на подготвен на stand-by за да можете брзо да фатите некој момент пред вашиот субјект да се измрда.

Тепачка за појадокот
Кајо Левиса, Куба, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]
Црвен хибискус
Тринидад, Куба, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]
Лас Терасас, Куба, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]Растење кафе во двор
Вињалес, Куба, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]
Статуа на утија - банана стаорец
Кајо Левиса, Куба, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]
Ракче
Кајо Левиса, Куба, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]
Грмушката на ананасот
Вињалес, Куба, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]
Луцерн, Швајцарија, 2012 [Nikon D90, 18-105mm]Лефкада, Грција, 2012 [Nikon D90, 18-105mm]
Тажната камила
Дубаи, 2013 [Nikon D90, 50mm]
Хранење на ражите
Дубаи, 2013 [Nikon D90, 50mm]
Грозје vs. Маслинки
Ираклион, Крит, 2013 [Nikon D90, 50mm]

6. Користи ја светлината и сенките


Избегнувајте да користите блиц! Дефинитивно ќе ви ги уништи фотографиите... обидете се да го наместите апаратот најдобро што можете и да ја искористите светлината во ваша корист. Паметно искористете ги „златните“ часови, оние околу изгрејсонце и зајдисонце и добијте златен шмек на фотографиите. Ако сонцето ви оди директно во објективот, искористете го да добиете убава силуете наместо да имате отсечени ликови кои чудно ќе зјапаат поради изненадниот блиц. Навечер искористете ја „бавноста“ на блендата на објективот за да го доловите движењето. Ќе го искористам мојот омилен цитат кој е битен во цртањето и фотографијата колку што е и во животот „Запомни, сенките се исто толку битни колку и светлината“ од Џејн Ер.

Чудовишта во градски парк
Скопје, Македонија, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]
Париз, Франција, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]
Изгрејсонце во Сиенфуегос, Куба, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]
Лефкада, Грција, 2012 [Nikon D90, 18-105mm]
Фотографија од Ангела Ш.
Лефкада, Грција, 2012 [Nikon D90, 18-105mm] 
Венеција, Италија, 2012 [Nikon D90, 18-105mm]
Минхен, Германија, 2012/3 [Nikon D90, 50mm]
Дубаи, 2013 [Nikon D90, 50mm]
Дубаи, 2013 [Nikon D90, 50mm]

Ставрос, Крит, 2013 [Nikon D90, 50mm]

7. Ставете се (вие и пријателите) во кадарот


Каде и да отидете, некој сигурно направил совршени фотографии од местото/зградите/спомениците, така што вашите фотографии нема да се ништо поспецијални освен ако не вметнете дел од вас во нив. Ова не го кажувам во смисла дека треба да имате албум со 3000 слики од вас во истата позиција и истиот израз на лицето со променлива позадина. Добар совет е да ги одберете фотографиите и да ги објавите само најдобрите, оние на кои сте горди и имаат нешто интересно да раскажат.

Размислете зошто фотографирате, за вас, за вашите пријатели, за печатење постери, итн... и прилагодете го вашиот стил на фотографирање врз основа на тоа. Фотографиите ви се за себе? Сликајте го оној момент на зајдисонце додека брановите удираат од карпите и еден куп луѓе седат покрај бредот. Сакате да ги покажете на родителите? Нив нема да им е гајле за тие карпи, тие ќе сакаат да ве видат вас таму дури и ако е фатен само вашиот грб. Обидете се да избегнувате „позирање“ и правете го она што го прават локалците и вклучете се во околината раскажувајќи ја својата приказна... и забавувајте се! Вклучување на вашите пријатели кои патуваат со вас е исто така супер!

Дури и некој друг да ве сликне, пак би имале подобра фотографија отколку ако сликате некој друг што ги прави истите работи... и секогаш имате crop tool за да скратите непосакувани делови од фотографијата :)

Во пештерата на змејот
Краков, Полска, 2007 [самослик]
La Festa Major: CORREFOC! Скокни во огнот и трчај!
Матаро, Каталонија, 2008 [Фото: Кристина]
Кафе на париски начин
Париз, Франција 2011 [Фото: Дејан]
Прошетка по Malecon
Хавана, Куба, 2011 [Фото: Дејан]
Пура со амиго
Вињалес, Куба, 2011 [Фото: Дејан]
Јавање камила со малата другарка од Индија
Дубаи, 2013 [Фото: Тања]
Во high-wire парк, изводиме Тарзани
Лаакс, Швајцарија, 2012 [Фото: Томе]
Спој со историјата,
Кносос, Крит, 2013 [Фото: Дејан]

8. Во врска со опремата


Најпрво користев „идиотче“ кое си го заработив од првото келнерисување едно лето и по расипувањето на две такви, одлучив да преминам и да купам DSLR фото-апарат пред неколку години.

Си го обожавам апаратот, ама многу е напорно да се носи наоколу, особено кога имам полна торба со работи со мене (сепак сум женско). Па, во последно време одлучувам кој објектив ќе го носам со мене во зависност од тоа што планирам да фотографирам во текот на денот, дали луѓе и детали (50мм) или знаменитости и згради (18-105мм, многу ми е тежок!)... и секогаш го имам телефонот како резерва. Не би ми пречело ниту да имам и 35мм за прошетки низ градот, исто така.

Иако сликање во RAW формат дава голема слобода во средување на фотографиите подоцна, додека патувате многу е битно тоа што имате ограничување во мемориските картички што ги носите со вас, така што вложете време во учење на вашиот парат додека сте дома и наместете го убаво пред да фотографирате во зависност на околината... и продолжете со сликање во JPG формат (вистинските фотографи би ме убиле за ова). Земете дополнителни мемориски картички ако одите на подолго патување, во текот на денот поминете ги фотографиите што сте ги сликале и избришете ги оние што навистина не чинат и не заборавајте да си ја полните батеријата навечер!

Не можете да си дозволите скап апарат? Идејата е она што ве прави поразлични, не скапиот апарат. Со години користев мал евтин апарат што го собира во џеб и мнооогу фотошопирање пред дури и да се осмелам да помислам да купам DSLR... но штом си поставите некаква цел, секогаш може да се скршите од работа и ефикасно да ги штедите вашите пари! Само одлучете за вашите приоритети и што сакате... штедев за апарат многу долго време, но сѐ уште попрво би купила авионски билет за некаде наместо да купам блиц или дополнителна опрема за попрофесионален пристап.

Сликано со првиот мој дигитален мал и тежок апарат
Сандомиерж, Полска, 2007 [Sony DSC S80].
Аушвиц, Полска, 2007 [Sony DSC S80]

9. Телефонот некогаш ви е најдобар другар


Откако го добив, многу го користам мојот смартфон и често постирам слики на инстаграм, што ми е најлесен начин да ги споделам моите фотографии додека патувам некаде, особено во моменти кога не можам да го носам со мене мојот „вистински“ апарат. Во овој случај, не се работи за техничката совршеност на фотографијата, туку уловување на моментите кои во друг случај не би можеле.

Кога ќе отидеш по автобуски карти без апарат
Тринидад, Куба 2011 [iPhone 3G] 
Којзнае, може ќе победите на натпревар додека сликате праска на плажа :) #letogram
Лефкада, Грција, 2012 [iPhone 4]
На врв на едносед
Маврово, Македонија, 2013 [iPhone 4]
Кога ќе ти цркне батеријата на DSLR-от
Дубаи Марина, Дубаи, 2013 [iPhone 4]
На јавање со страв да не скршам апарат
Галичник, Македонија, 2012 [iPhone 4]
Застани и уживај на сред трчање
Струга, Македонија, 2013 [iPhone 4S]


10. Продолжи да патуваш!


Без разлика дали сте во странство или во сопствената земја, излезете од својот град и секојдневните рутини барем еднаш во неколку месеци. Со текот на времето научив дека Македонија има толку многу места за истражување, прекрасни пејзажи и природа, некои од нив дури на саат време возење од Скопје. Сум била на многу од нив, но сѐ уште не сум била секаде каде што сакам... добро е да ги наполните батериите и да побарате инспирација во вашата околина за да се освежите малку за животот во градот.

HDR езеро
Градче, Кочани, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]
Оризови полиња
Кочани, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]
Берово, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]
Охридско Езеро
Струга, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]
Скопје, 2012 [Nikon D90, 18-105mm]
Вруток, 2012 [Nikon D90, 18-105mm]

0 коментари:

Post a Comment

.