Крит е најголемиот и најнаселен грчки остров во Средоземното Море. Крит бил центарот на минојската цивилизација (околу 2600–1400 п.н.е.), најстарата форма на грчка и европска цивилизација.
Сега Крит е една од најпопуларните туристички дестинации во Европа и претежно економијата зависи од туризмот, а скоро и да нема невработени жители. Крит е прв производител на маслинки за маслиново масло во историјата со корени назад до 2500г. п.н.е. За жал, маслинки за исхрана имаат ретко, најчесто за домашна употреба и може да се купат на пазар во поголемите градови.
Претежно е планински остров, со понизок дел на северот кој е доста развиен и населен, додека по планините има рибарски села и градчиња чии жители се окупирани со одржувањето на нивните плантажи со маслинки. Покрај плажите, во сеќавање дефинитивно ќе ми остане и мирисот... на островот на маслинките.
![]() |
| Мирисот на Крит |



