На првиот есенски ден, си дадов задача да ја завршам приказната за Крит. Во првиот дел може да ги најдете податоците како да стигнете таму, за сместување и храна. Во овој дел е она што мора да го видите и посетите (од западниот дел) и каде сѐ да се препуштите на песочните убавини на овој остров.
Иако неколку пати сум планирала, сѐ уште не сум била на Тасос, па задоволството да напише гостински пост овој пат го оставам на патувалците @iivvanaa и @teksega :) Слободно дополнете во коментари ваши искуства или контакти за сместување.
---
Тасос, (грчки: Θάσος) е грчки остров во северниот дел на Егејско Море. Најсеверен од сите грчки острови, 12ти по големина, со главен град Тасос или Лименас Тасу (Limenas Tasou, што значи „Пристаништето на Тасос“), е на околу 10km од местенцето Керамути (Keramouti).

| Пиле на траект :) [Photo by Andreja] |
Како до Тасос
Траект може да се фати од две места, Кавала или Керамути. Натаму одевме преку Кавала, се враќавме преку Керамути. До Кавала, од Скопје има 378km, или 4 саати возење со кола и тука не е пресметана гужвата што не можеш да ја предвидиш на грчка граница. На одење заглавивме на граница околу саат време и го фативме траектот во последната минута, буквално. Дури и тетката што продаваше карти ми рече дека треба да трчам назад до кола. На враќање на пример, цариникот воопшто и не проверуваше пасоши.
Крит е најголемиот и најнаселен грчки остров во Средоземното Море. Крит бил центарот на минојската цивилизација (околу 2600–1400 п.н.е.), најстарата форма на грчка и европска цивилизација.
Сега Крит е една од најпопуларните туристички дестинации во Европа и претежно економијата зависи од туризмот, а скоро и да нема невработени жители. Крит е прв производител на маслинки за маслиново масло во историјата со корени назад до 2500г. п.н.е. За жал, маслинки за исхрана имаат ретко, најчесто за домашна употреба и може да се купат на пазар во поголемите градови.
Претежно е планински остров, со понизок дел на северот кој е доста развиен и населен, додека по планините има рибарски села и градчиња чии жители се окупирани со одржувањето на нивните плантажи со маслинки. Покрај плажите, во сеќавање дефинитивно ќе ми остане и мирисот... на островот на маслинките.
![]() |
| Мирисот на Крит |
Иако сум пред тргање на друг одмор и имам уште еден пост за пишување за Дубаи (не одете летово на 50 степени!), одлучив (кхм, малку доцна) пред-летно да споделам информации за едно постаро патување за кое често ме прашуваат... за најпрекрасниот остров што може да го замислите и посетите во Европа!
Мајорка (Mallorca шпански, Majorca каталонски) е шпанско-каталонски остров кој спаѓа во Балеарските Острови (Каталонија) со главен град Палма (де Мајорка) и кој нашите агенции доста често го нудат во своите аранжмани... мојот одмор го споделувам од причина што - за истите пари за кои со агенција би дремеле на просечна плажа со милион пијани туристи - си поминав многу поубаво прошетувајќи го целиот остров и откривајќи ги најубавите плажи со големо весело друштво.
* Нагласувам дека ова беше пред три години, па гледајте да си ги ажурирате податоците преку линковите пред да ги земете цените здраво за готово :)
Жал ми е што тогаш бев во период без апарат, така што сликите се здиплени од интернет и од другар ми Дики! - фала ти за дозволата да ги користам :)

| Cala Ferrera, Cala d'Or (flickr.com/photos/ester68) |
Дубаи (дýбај - со акцент на у) е град во истоимениот емират - еден од седумте Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) кој се наоѓа на северниот дел од Арапскиот Полуостров (со излез на Персискиот Залив, т.е. Арапското Море).
Емиратите по големина (не знам да ги изговорам сите):
Иако Абу Даби е најголемиот емират во ОАЕ, Дубаи има најмногу жители - нешто повеќе од 2 милиони. Првите населеници се стационирале околу заливот Дубаи (иако го викаат creek) во средината на 19-ти век, каде денес се наоѓа стариот дел на градот (или јас како што си ја нареков - чаршијата).
Денес Дубаи е - во буквална смисла - Метрополитен, местото каде сите луди идеи на ботатите арапски шеици за град од иднината се остваруваат со полна пареа. Благодарение на приходите од нафтената индустрија, брзо станува град на бизнисот и културата; центар во кој истокот и западот се „мешаат“ како масло и вода (да, понатаму ќе опишам и зошто). Бидејќи нафтата не е бесконечна, паметно инвестираат во туризам и недвижнини - вложуваат во постабилна иднина (спомнав и во нивните луди идеи?).
*** Сите слики се од моето патување и бидејќи сум приврзаник на Криејтив Комонс, ако ги споделувате, линкајте назад на овој блог. Благодарам однапред.

- Abu Dhabi
- Dubai
- Sharjah
- Ajman
- Umm al-Quain
- Ras-al-Khaimah
- Fujairah
![]() |
| Обединети Арапски Емирати |
Иако Абу Даби е најголемиот емират во ОАЕ, Дубаи има најмногу жители - нешто повеќе од 2 милиони. Првите населеници се стационирале околу заливот Дубаи (иако го викаат creek) во средината на 19-ти век, каде денес се наоѓа стариот дел на градот (или јас како што си ја нареков - чаршијата).
Денес Дубаи е - во буквална смисла - Метрополитен, местото каде сите луди идеи на ботатите арапски шеици за град од иднината се остваруваат со полна пареа. Благодарение на приходите од нафтената индустрија, брзо станува град на бизнисот и културата; центар во кој истокот и западот се „мешаат“ како масло и вода (да, понатаму ќе опишам и зошто). Бидејќи нафтата не е бесконечна, паметно инвестираат во туризам и недвижнини - вложуваат во постабилна иднина (спомнав и во нивните луди идеи?).
![]() |
| Поглед од авион... „улицата“ со бели светла лево е всушност Бурџ Калифа |
*** Сите слики се од моето патување и бидејќи сум приврзаник на Криејтив Комонс, ако ги споделувате, линкајте назад на овој блог. Благодарам однапред.
По подолга пауза пред да почнам пролетни или минати патувања, да си докажам кои места се за прошетка низ Минхен пред да ми измине уште еден месец без објавен пост и пред да помине роденденот на нашата домаќинка :)
По летот од Скопје се стигнува на главната железничката станица, се сместивме кај нашите другарчиња во нивното ново симпатично станче, малку одморивме, спакувавме храна за забавата по шетањето и тргнавме во поход подготвени за новогодишната ноќ :)

Ден 1
1) Теризиенвизе (или како и да се чита Theresienwiese, скарана сум со германски) - е местото каде што се одржува Октоберфест и прво се упативме таму... за жал имаше забава со веќе распродадени карти и не можевме да влеземе во шаторите (кои ги има многу повеќе за време на Октоберфест), па само малку прошетавме во околината.
Обично за дочек на Нова Година со друштво бегаме на некоја планина во викендица, но немањето некое посебно расположение за дочекот, преселбата на двајца другари во Минхен и евтините летови до таму пуштени во Октомври нѐ натераа на првата покана за посета веднаш да одговориме со „да!“ :) По една пропуштена шанса за посета на Октоберфест уште во 2009-та, овој пат се радував на мојата прва посета на Германија, новогодишното баварско пивско искуство и доброто друштво што ме очекуваше.
Она што прво го дознавме е дека скоро цел град беше раскитен од божиќните декорации уште на 25-ти декември; но барем дел од центарот беше украсен, елката на главниот плоштад сѐ уште стоеше и беше останат само еден крисмас-маркет да ни сигнализира дека сепак доаѓаме за време на зимски празник.
Вчера добив барање од Дарко да објавам еден пост и кога го добив мејлот од него денес првата реакција ми беше со дигнати веѓи и ококорени очи. Еве го неговиот текст (и поука за останатите):
---
На 04.01.2013, ноќта, започна моето патување во ски центар каков што не очекував дека некогаш ќе посетам. Во моментов ова го пишувам од Бриансон, Франција.
Патувањето беше досадно и исцрпувачко, но уште првиот ден тука сфативме дека се исплатеше. Одевме преку Белград со личен транспорт кој, ко за инает, пристигнуваше таму пола саат пред тргнувањето накај Франција, па моравме да го избереме другиот автобус што стигнуваше 9 часа пред него.
Но, за среќа се сретнавме со познаници во автобусот и тие 9 часа поминаа како 15 минути.
Накај Франција тргнавме со конвој од 14 автобуси што, како што е повеќе од јасно, прави огромна колона на граница. Ама таа колона од час – час и пол поминуваше како миг бидејќи знаев на кои падини ќе скијам наредниот ден.
Барем така си мислев се додека не помина српскиот граничар и си го видов пасошот. Пасошот кој важи до 08.01.2013 или поточно 4 дена пред јас да се вратам од моето патување.
Нека не ве збуни мојот начин на пишување и времињата што се мешаат во него. Јас сега сум во Франција каде што влегов со важечки пасош, но не знам како ќе се вратам во Македонија за некој ден. Словенечката граничарка ми рече дека треба да одам во Македонска амбасада за да ми дадат некаков документ со кој ќе можам да ги поминам границите, а без него ќе треба да платам казна од 500 евра на словенечко-хрватската граница и уште толку на хрватско-српската граница.
Ја користам оваа прилика да побарам помош од вас , читателите, да ме советувате како да си дојдам во мојата љубена земја – Македонија без да јадам парична казна или најлошо забрана за влез во ЕУ.
Ако имате предлог или совет ве молам пратете го на macdarko@gmail.com. Ви благодарам за вашето време.
---
Совет од мене и @MedoDimoski:
1) врати се порано
2) летај директно во Македонија
... во секој случај си во загуба... Ако има некој конкретно искуство со ваков случај нека пише одма. Фала.
Екстра совет: секогаш проверувајте го пасошот, патувањето ви е валидно само ако најмалку три месеци по вашето излегување од Шенген зоната пасошот ви е важечки.
-----------------------------
UPDATE: 08.01.2013
-----------------------------
Пред да го продолжам расказот на моето патешествие кон Бриансон и (најверојатно) назад, би сакал да им се заблагодарам на сите кои се ангажираа да стапам во контакт со странскиот дипломатски кор на Република Македонија.
Да бидеме реални само мал процент од тие кои ми помогнаа се ангажираа да ми дадат информации или контакт со амбасадите на Македонија во овој реон. Но, за тоа имаше многу повеќе интернет тролови кои (сакал или не) помогнаа да се прошири мојот плач за помош (да, и мажите плачат) и да стигне до ушите на оние кои можат да ми дадат реална помош.
Тоа беа шака луѓе, да им се позлатат рацете, кои ми кажаа каде да се обратам, што да направам кога ќе дојдам таму, што да понесам или само споделија свои искуства. Без разлика што направија, морам да кажам дека во моменти на криза и општа паника секој добар збор влева капка надеж (море планинскиов воздух го разбудил поетското во мене).
За да не го должам со благодарностите за сите вас, о мои херои, би сакал да пишам што би требало да се случува во наредниве неколку денови.
Во недела ќе ме остави автобусот во близина на Љубљана. Во понеделник ќе одам во македонската амбасада со две слики, пасош и 36 евра. Таму ќе извадам патна исправа (народно позната како „лист“) со која ќе можам да минувам граници и која служи како временска замена за пасош. Не можам повеќе да елаборирам за оваа исправа во овој момент.
После тоа:
1. Од Љубљана со ДРД/Руле турс или Хисар за 30 евра и 17 часа патувам за СК.
2. Се молам да не попијам казна на граница.
Бидејќи казната може да биде до 24 месеци забрана за влез во ЕУ одам сега авансно да ги доживеам можните моменти што другарите ќе ги имаат дур јас сум на одмор во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Турција и Македонија.
P.S. Твитерсферо, уште не сум имал шанса да видам што се случувало со #фриДарко, ама според пинговите имам да ви кажам една работа за вас:
Све клошараана ееееј.
Прекрасни, прекрасни клошараана.
До нареден пост, со надеж дека ќе биде од мојот досегашен дом, Среќни празници,
Идиотот што тргна на пат со истечен пасош - Дарко

Трошки > Санта Клара: Куба - дел 8
И конечно, после година дена стигнав до крајот на овој мој кубански дневник... уште се прашувам кој го прочитал освен јас :)
После две недели турбо шетање и три саати кланкање во стара кола со таксистот од Санта Клара и дечкото на ќерка му, после ѕверење по табли со имиња на хотели, стигнавме во хотелот Барсело Солимар. Во постов не станува збор за градот Варадеро, туку за туристичкиот полуостров исполнет со еден куп хотели, рајот за туристите и канадските пензионери.
На крајот на постов додавам и видео склопено од снимките што ги направив низ целото патување...

Трошки > Сиенфуегос: Куба - дел 7
Конечно, после година и нешто од патувањето, на ред доаѓа да го завршам серијалот со последниве два поста - револуционерниов и уживантскиот - се надевам пред Нова Година :)
Санта Клара е последниот град што го посетивме пред одмориме на плажа во Варадеро. Се наоѓа во централниот дел на островот и е студентски град со еден од најценетите универзитети во светот.
Иако градот не е нешто посебно сам по себе, одењето не беше залудно - Санта Клара е градот каде сѐ е во знакот на Ернесто Рафаел Гевара де ла Серна, кој го знаете како Че Гевара - споменици, графити, реклами, како и официјалниот Музеј за Че и Мевзолејот каде тој почива заедно со уште 12 војници кои биле убиени со него.
Она што е интересно за овој блог пост е тоа што последната битка што го срушила режимот на Батиста во 1958/9 година и го означила крајот на Кубанската револуција се одвивала во Санта Клара и тој дух сѐ уште многу живописно може да се почувствува на улиците на овој град.
![]() |
| графит со Че на автобуската станица |
Всушност, многу години се од моите патувања, ама една година од основањето на блогот и мојот прв пост за епското (скоро па како тоа на Одисеј :Р) патување на Куба! Оттогаш бев на Лефкада (најсподелуваниот и најискористениот пост!) и во Италија на концерт (да ги искористам новите летови на wizzair од Скопје до Венеција), а тука негде беше и службеното патување во Швајцарија.
Да не ги заборавам постовите кои се покажаа доста корисни со советите за визи (американска и британска), како и за летање со рачен багаж.
Си ветувам дека следниов месец ќе ги допишам уште тие 2 поста за Куба што ми останаа, а здравје - догодина ќе има и некое патување за кое што ќе пишувам година дена :) Во празните месеци, ќе се обидам да се навратам на по некое старо патување.
13.500+ посети на 15 постови (горе-долу еден месечно), преку 500 фотографии и барем двајца луѓе (колку што знам) што тргнале по нашите стапки на Куба - е многу повеќе од она што го очекував кога го креирав блогов само за да мотивирам повеќе луѓе од Македонија да патуваат во своја режија... и да, уште сме во црна дупка, ама некако е поплитка во последно време и тоа ептен ме радува!
Фала на сите што го читате овој мој патувачки дневник, ме охрабрувате да продолжам, ме прашувате и ги споделувате моите постови - се надевам дека ако не до сега, барем некогаш навистина ќе ви се најде содржината од блогов.

Швајцарија е најцентралната и најнеутрална земја во Европа, единствена земја каде меѓу 8 милиони луѓе се зборуваат 4 јазици, има 4 култури и 23 дијалекти! Во моментов е најбогата земја во светот, а градовите Цирих, Берн и Женева се на листата од топ 10 градови со највисок квалитет на живот, додека Цирих се вбројува и во најскапите во светот. Интересно е што имаат и најголем број на Нобеловци по глава на жител. (Податоциве ми се од краток курс по швајцарски-германски од еден интересен тип во народна носија а ла Хајди).
Дојде време да ја посетам и земјата на чоколадото, овој пат службено... затоа нема да има премногу детали за ова патување, туку само за двата дена кои ги имав слободни и ги поминав едниот во Цирих, другиот во Луцерн, со различни екипи на супер-колеги.

| Линдт... да речеме дека сме биле и поблиски од ова :Р |
Дополнување и предупредување (септември 2014): откако беше објавен овој пост, процедурата е променета. Доколку имате повеќе информации, слободно пишете за да ги освежиме информациите.
Ако сте биле во Америка (САД, да не се лутат јужњаците), шансата е 90% да сте биле преку Work and Travel програмите од нашите туристички агенции за кои се вади посебна виза со која ќе имате дозвола за работа...
Но, ако сакате да одите во туристичка посета (како што мене ми се прави филм за возење по Route 66 некој ден), потребна ви е виза... пред вас е гостински пост на Александра Шушевска (partner in crime за некои патувања) која ви објаснува во детали како да дојдете до виза, фала Алекс! :)
![]() |
| Photo: roadtripit.wordpress.com |
Уште во март/април случајно ја ѕирнав европската турнеја на Фу Фајтерс, каде најавени беа концертите во Прага и на фестивалот Pukkelpop во Белгија... се зафатив да барам превоз до Прага, но во моментов е најнедостапен град во централна Европа - Czech airlines ги укинаа летовите до Скопје, Malev банкротираше во февруари, Austrian преку Виена има скапи карти, а со автобус/воз ќе изгубев премногу денови од одморот...
И тогаш, објавија дека ќе настапат во вилата Манин, во Кодроипо, Италија. Прв пат слушнав за местово, па морав да го изгуглам... и кога видов дека се наоѓа на еден саат возење од Венеција до каде имаме летови со WizzAir, збеснавме со Ивана со која баравме опции за Прага! Муабет по муабет, возбуда по возбуда, екипата на љубителки на Дејв Грол се зголеми на 5 женски на италијански road trip.
Возбудите околу концертот и секојдневните случувања може да ги прочитате на блогот на Јована, а јас, иако месец дена подоцна, ќе ве охрабрам со детали околу патувањето да направите ваков потег доколку имате желба на кратко да ја посетите северна Италија :)

| Нивата со киви каде што паркиравме пред концертот во маичките што ги направивме како прави обожавателки :) |
Возбудите околу концертот и секојдневните случувања може да ги прочитате на блогот на Јована, а јас, иако месец дена подоцна, ќе ве охрабрам со детали околу патувањето да направите ваков потег доколку имате желба на кратко да ја посетите северна Италија :)
| Фу Фајтерс на сцената во Вила Манин |
Откако се појавија нискобуџетните летови од Скопје со wizzair, може да си дозволиме и со авион да отидеме негде и на викенд или неколку дена. Во моментов оперираат летови до Венеција (поточно Тревизо) и Лондон (Лутон) за кој ни треба виза, а од крајот на Октомври почнуваат и летови до: Мулхаус (Базел), Дортмунд, Ајндховен, Малмо, Меминген (Минхен) и Бергамо (Милано). Уште си чекам лет до мојата омилена Барселона или некој централно-европски град како Виена или Прага за поволни конекции, ама се надевам ќе стигнат и тие наскоро :)
Во првиот дел за Лефкада ветив и краток опис на плажите на кои се излежувавме.
Па, еве ги од север кон југ:
Па, еве ги од север кон југ:
После огромниот подвиг за планирање неверојатен одмор на Куба, уште додека бевме таму, одлучивме дека следниот одмор ќе ни биде поскоро (во јуни) и тоа негде во близина каде што може да одиме со кола и каде што има добри плажи. Знаевме доста луѓе што веќе отишле по грчките острови во Јонско Море (и преку агенција и во сопствена режија), па отприлика знаевме што сакаме да најдеме и каде да го бараме тоа. Така, падна договорот на Лефкада - островот на зајдисонцата.
Јуни е супер за користење стари одмори и да се усогласи друштвото, денот е најдолг во годината и шансата за лошо време на остров е минимална (и да врне не трае повеќе од 2-3 дена). Планот беше да најдеме цела куќа/вила за 6-10 луѓе и да ја накрцаме со стандардното друштво со кое секогаш одиме по викендици низ Македонија.
На крајот, некако не успеавме да се собереме доволно голем број за тој план, па резервиравме апартман за четворица; а потоа успеаја да ни се придружат уште тројца другари во последен момент.

Многу луѓе ме прашуваа за тоа каде е најдобро да се сместат, како да патуваат и контакт од апартманот, па морав да смогнам сили и да напишам еден пост за неодамнешниот одмор иако сè уште немам завршено со постовите за претходниот :)
*** Сликите се од моето патување и бидејќи сум приврзаник на Криејтив Комонс, ако ги споделувате, линкајте назад на овој блог. Благодарам однапред.

Трошки > Тринидад: Куба - дел 6
Сиенфуегос (буквален превод - сто огнови) го нарекуваат бисер на југот - la perla del sur - и, за разлика од другите градови, е основан од француски имигранти во 1819 година, па дури десетина години подоцна бил населен од Шпанците. Интересно е што е основан на брегот на заливот - bahia de Cienfuegos кој е затворен скоро како лагуна и заштитен е од страна на УНЕСКО.
Пред Кастро да дојде на власт, градот бил бетер од Лас Вегас, Американци и Канаѓани слетувале директно на локалниот аеродром, имало многу забави, пиење, дрога, проституција... you name it. Кастро сè тоа фино го забранил со големи казни, така што сега млади девојки бегаа од странци ако ги прашаат за насока само за да не ги уапсат заради можна понуда за проституција... иако... во хостелот до нас беа сместени црн, згоден и зборлест Кубанец со дебела, грда, бело-изгорена Британка, ама ај да не изведувам заклучоци, само два збора разменивме на вечера :)
Градот и заливите Сиенфуегос и Хагуа.
.

.jpg)