Кајо Левиса: Куба - дел 4

25 March 2012 //
2 comments
Трошки > Хавана: Куба - дел 3

Од Хавана, продолживме преку Вињалес до пустиот рајски остров во секоја смисла на зборот - Кајо Левиса (Cayo Levisa). Многу би сакала себично да си го чувам тоа искуство за себе, ама  уште повеќе би ме радувало уште некој луд како нас да се осмели да отиде и да го доживее она што го доживеавме и ние.

Островот го откривме случајно барајќи понуди за хотел за на крајот од патувањето (нели, од почеток намерата ни беше да шетаме 2 недели, па 1 недела да одмараме од искуството на некоја типично-туристичка плажа). И, така случајно, можеби беше и најубавиот дел од патувањето... го правевме она што навистина би го помислиле кога би ве прашале што би правеле кога би се нашле на пуст остров?



Патот од Хавана до островот не беше баш едноставен, но кога ги видовме сликите и условите, сепак се одлучивме да одиме. 

Патот третиот ден: Havana > Las Terrazas > Pinar del Rio > Viñales > Palma Rubia > Cayo Levisa 

Патот се одвиваше на следниот начин:

8.30 - Такси од хостелот во Хавана до автобуската (7CUC)

9.00 - Автобус од Хавана до Вињалес со Viazul (12CUC - ни ги купија газдите од хостелот еден ден претходно, си плативме такси во еден правец за тоа, да не ризикуваме да нема место и да не трошиме два пати за такси)

~11.00 Имавме пауза во близина на Las Terrazas - преубаво место!


 

12.50 - пристигање во Вињалес, пиење по едно пиво (1CUC) и мохитце (1,65CUC), печено пилешко копанче за мезење и компирчиња (~2,5CUC). 


Во меѓувреме договарање такси со молчеливиот дечко Михаел за во 3ч да нè носи до пристаништето Палма Рубија (Palma Rubia) бидејќи нема автобуски превоз освен преку дневни екскурзии.

15.30 Патување до Палма Рубија со Михаел (20 CUC со малку ценкање).

Ако некое девојче го бендиса Михаел, слободно нека му се јави...
...може е тешко достапен, ама е симпатичен и супер вози.

~16.15 пристигнување во Палма Рубија и дремење таму.



18.00 Конечно товарење на бротчето, со уште еден германско-филипински пар и трочлена шпанска фамилија со кои чекавме заедно. Бродот беше 10CUC повратна по човек.


И додека реков „што убаво пирка ветре на бротче на зајдисонце, уште да имаше мохито ќе беше совршено“...


...се појави екстра-црномурест чичко и нè извести дека има бар на бродот, да не би сакале случајно мохито (2,5CUC)... си кажав на почетокот дека бевме во рајот! :)


На островот стигнавме за околу 30 минути. Во хотелот нè пречекаа со ликерче од кокос, да не ни биде досадно додека чекаме клуч од собата.


Додека чекавме фатив неколку кадри...

Статуа покрај патеката до бунгаловите од утија (hutia) = банана стаорец - нешто помеѓу дабар и стаорец. Си излегуваа навечер и многу беа размножени околу ресторанот... и кујната :)

Барот што ме потсетуваше на Тропска горештина :)

Хотелот Cayo Levisa беше составен од кујна/ресторан/бар и од триесетина бунгалови со по една до четири соби. Негде скриено од туристите имаше и бунгалови за послугата која работеше тука. Цената за собата беше 35CUC по човек од вечер. Ма ова го нема ни у Охриду. Иако поскапо од куќите/хостелите каде што спиевме во другите градови... сепак цената е достапна за вакво рајско место. За таа сума имавме вклучено доручек и вечера, а затоа што бевме три дена (или преку агенцијата што резервиравме имаше понуда) имавме вклучено и ручек. Сите беа шведска маса + можност еден чичко на брзинка да ти зготви омлет, шпагети, риба, пилешки стек и слично. Пиво и коктели си доплаќавме за 1,5CUC.

собата

поглед од собата/терасата

нашето бунгаловче

Единствената мана што ја имаше местото беше постоењето на некои бубачки-мушички (sand fleas) кои после зајдисонце ужасно касаа и чешаа и оставаа големи црвени пликови! Ни Аутан не нè спаси... не дека сме размазени, туку стварно беа неподносливи, па навечер немаше шетање по плажа, патот беше строго ресторан-соба. Уште не ми е јасно како Германката и Филипинецот си пиеја раат коктели во барот надвор едвај облечени... ние се обидовме цели 5 минути да го направиме тоа пред да бидеме унаказени :)

едно турбо капење на зајдисонце (пред да нападнат песочните мушички)

изгрејмесечина

И што може друго да се прави на вакво место три дена освен да се ужива? ... 




честитка за 11-ти Октомври


вистинскиот начин за читање книга - со пиво

запознавме еден куп вакви другарчиња

...ама и вакви, чудно нè гледаа додека ручавме

празен бар на плажа... веројатно дека беше октомври

чудни пилиња што трчкаа многу смешно + школки + ракче

на крајот на плажата

Мохито vs. Куба Либре

чичкото елиминатор на суви алги

life is a beach...

кубанско кафе, домашно колаче и клучот од соба бр. 32

пробавме и кокосово млеко

а после тоа се измачивме да го изџвакаме кокосот (2CUC)

зајдисонце


...и така три дена. Најпрекрасното искуство на плажа во мојот живот! Книги, коктели, пиво, кокос, кафе, колачи, храна, утијас, пливање во Мексикански Залив, плитко тиркизно Карипско Море... (мушички)...

Последниот ден беше облачно и ветровито, ама сепак го фативме попладневниот брод во 17.00 заедно со еден куп туристи дојдени на еднодневна  екскурзија од Вињалес. 
Брод имаше и во 9.00 кон брегот, и во 10.00 кон островот наутро.

Само што стапнавме на бродот почна да врне и се засилуваше во секоја нова минута. Иако бродот имаше стреа, врнеше од сите страни и нè натера да ги покриваме торбите и да ги штитиме апаратот и телефоните... и пак накиснавме како мачиња. Алиштата потоа не можевме да ги досушиме три дена.

Кога стигнавме во Палма Рубија бевме живи и среќни што преживеавме (иако сега кога ќе помислам на тоа, па и не ми изгледа толку страшно) и што Михаел нè чекаше како што бевме договорени по СМС. Торбите во такси и назад до Вињалес.


A photo posted by Sandra (@alexhris) on
накиснати Кубанчиња


... следен дел 5: Вињалес.


2 comments: Leave Your Comments

  1. Паѓа љубоморатаааа :)) Али сликава од позадината...као магија некоја...

    ReplyDelete
  2. Па не пишувам јас да се фалам, пишувам да одиш и ти без да ми љубомориш! :D Сликата е од Хавана на зајдисонце... и покрај тоа што ми е најомилена, стварно е магична :)

    ReplyDelete

.