Вчера добив барање од Дарко да објавам еден пост и кога го добив мејлот од него денес првата реакција ми беше со дигнати веѓи и ококорени очи. Еве го неговиот текст (и поука за останатите):
---
На 04.01.2013, ноќта, започна моето патување во ски центар каков што не очекував дека некогаш ќе посетам. Во моментов ова го пишувам од Бриансон, Франција.
Патувањето беше досадно и исцрпувачко, но уште првиот ден тука сфативме дека се исплатеше. Одевме преку Белград со личен транспорт кој, ко за инает, пристигнуваше таму пола саат пред тргнувањето накај Франција, па моравме да го избереме другиот автобус што стигнуваше 9 часа пред него.
Но, за среќа се сретнавме со познаници во автобусот и тие 9 часа поминаа како 15 минути.
Накај Франција тргнавме со конвој од 14 автобуси што, како што е повеќе од јасно, прави огромна колона на граница. Ама таа колона од час – час и пол поминуваше како миг бидејќи знаев на кои падини ќе скијам наредниот ден.
Барем така си мислев се додека не помина српскиот граничар и си го видов пасошот. Пасошот кој важи до 08.01.2013 или поточно 4 дена пред јас да се вратам од моето патување.
Нека не ве збуни мојот начин на пишување и времињата што се мешаат во него. Јас сега сум во Франција каде што влегов со важечки пасош, но не знам како ќе се вратам во Македонија за некој ден. Словенечката граничарка ми рече дека треба да одам во Македонска амбасада за да ми дадат некаков документ со кој ќе можам да ги поминам границите, а без него ќе треба да платам казна од 500 евра на словенечко-хрватската граница и уште толку на хрватско-српската граница.
Ја користам оваа прилика да побарам помош од вас , читателите, да ме советувате како да си дојдам во мојата љубена земја – Македонија без да јадам парична казна или најлошо забрана за влез во ЕУ.
Ако имате предлог или совет ве молам пратете го на macdarko@gmail.com. Ви благодарам за вашето време.
---
Совет од мене и @MedoDimoski:
1) врати се порано
2) летај директно во Македонија
... во секој случај си во загуба... Ако има некој конкретно искуство со ваков случај нека пише одма. Фала.
Екстра совет: секогаш проверувајте го пасошот, патувањето ви е валидно само ако најмалку три месеци по вашето излегување од Шенген зоната пасошот ви е важечки.
-----------------------------
UPDATE: 08.01.2013
-----------------------------
Пред да го продолжам расказот на моето патешествие кон Бриансон и (најверојатно) назад, би сакал да им се заблагодарам на сите кои се ангажираа да стапам во контакт со странскиот дипломатски кор на Република Македонија.
Да бидеме реални само мал процент од тие кои ми помогнаа се ангажираа да ми дадат информации или контакт со амбасадите на Македонија во овој реон. Но, за тоа имаше многу повеќе интернет тролови кои (сакал или не) помогнаа да се прошири мојот плач за помош (да, и мажите плачат) и да стигне до ушите на оние кои можат да ми дадат реална помош.
Тоа беа шака луѓе, да им се позлатат рацете, кои ми кажаа каде да се обратам, што да направам кога ќе дојдам таму, што да понесам или само споделија свои искуства. Без разлика што направија, морам да кажам дека во моменти на криза и општа паника секој добар збор влева капка надеж (море планинскиов воздух го разбудил поетското во мене).
За да не го должам со благодарностите за сите вас, о мои херои, би сакал да пишам што би требало да се случува во наредниве неколку денови.
Во недела ќе ме остави автобусот во близина на Љубљана. Во понеделник ќе одам во македонската амбасада со две слики, пасош и 36 евра. Таму ќе извадам патна исправа (народно позната како „лист“) со која ќе можам да минувам граници и која служи како временска замена за пасош. Не можам повеќе да елаборирам за оваа исправа во овој момент.
После тоа:
1. Од Љубљана со ДРД/Руле турс или Хисар за 30 евра и 17 часа патувам за СК.
2. Се молам да не попијам казна на граница.
Бидејќи казната може да биде до 24 месеци забрана за влез во ЕУ одам сега авансно да ги доживеам можните моменти што другарите ќе ги имаат дур јас сум на одмор во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Турција и Македонија.
P.S. Твитерсферо, уште не сум имал шанса да видам што се случувало со #фриДарко, ама според пинговите имам да ви кажам една работа за вас:
Све клошараана ееееј.
Прекрасни, прекрасни клошараана.
До нареден пост, со надеж дека ќе биде од мојот досегашен дом, Среќни празници,
Идиотот што тргна на пат со истечен пасош - Дарко

ЦРЕП :)
ReplyDeleteЗа ќотек е :)
DeleteЌе си се јавиш во Македонската Амбасада во Париз...ќе си им објасниш се што и како ти се случило, ќе си извадиш патен лист (32еур или 56еур) ќе си фатиш авион со што може помалку прелети за МКД и готово... НЕ знам дали очекуваш некој финансиски да ти помогне затоа што ти си бил малку неодговорен а си отишол на забава, а не на мака :)
ReplyDeleteОва ти кажувам како е најправилно и законски да постапиш...а ти како сакаш :)
5, rue de la Faisanderie,
75116 Paris
Phone: ++ 331 45 77 10 50
Phone: ++ 331 45 77 85 77
Phone: ++ 331 45 77 10 73
Fax: ++ 331 45 77 14 84
Email: paris@mfa.gov.mk
Фала многу, најкорисен совет до сега... му пренесов по мејл :)
DeleteТоа што го работам ме тера ликов сериозно да го судам за тоа што нема „акал“ во главата. Лично, не би го пуштил да помине.
ReplyDeleteЗа натаму направиле превид најверојатно... а за враќање со патен лист мора да го пуштиш :) Мислам дека си ја научи лекцијата за сите времиња ;)
DeleteПа и тоа би рекол дека е дискутабилно. Ама ај да не навлегувам.
ReplyDelete