Гостински пост: Моето Патување во Гвадалупе


2 comments
Не можете да ми ја замислите среќата кога ќе добијам некоја информација за екстремно интересно патување, не па конечно некој да си го исполни ветувањето и да состави текст за него! (поздрав до Азијците :Р). 
Ива Р, фала ти најнајнајмногу за доближувањето на Гвадалупе до сите во Македонија (и тоа што многу ме потсети и ме врати на Куба)... читајте и уживајте!

Да ви признаам, пред да решам да одам во Гвадалупе (Guadeloupe), не знаев ни дека постои, можеби само името ми звучело малку познато, од изборите за Мис на Свет, но јас не знаев за овој остров, ни кај е и што е ни чиј е. Можам да се сметам за среќна, што се склопија неколку коцки и поради сплет на околности планот за моето овогодишно најобично летување, мораше да се смени. Имав прилика да отпатувам некаде подалеку. Е, но каде?

Имам јас една бубачка за патување уште од одамна, па обожавам да гледам во мапата и да си правам листи на места кои сакам да ги посетам некогаш во животот. Сега истото го правев со конкретна цел, и уживав во тоа. После долго пребарување на авионски конекции, временски услови, моментална безбедност буквално низ целиот свет, случајно зумирајки на мапата, наидов на островот Гвадалупе!







Гвадалупе


Тоа е Карипски остров од групата на Мали Антили, кој политички припаѓа на Франција, заедно со уште три други острови во Атланскиот Океан. Се зборува француски и се користи валута Евро.

Уште на мапа ми изгледаше симпатично поради неговата форма на пеперутка. Гладалупе го сочинуваат два поголеми острови (пеперутката) - Basse Terre и Grande Terre - и четири други помали острови.

 


И некако сè се вклопи: авионски летови, визи, временски услови.... Еве како.

Како до Гвадалупе: Има три авионски компании од Париз Орли што летаат дирекно до интернационалниот аеродром Pointe-à-Pitre во Гвадалупе: Air FranceCorseair и Air Caraibes.

Визи: Бидејќи е Француска територија, визи не ни требаат. Но покрај фактот, моравме да провериме дали има некакви посебни услови за прекуокеанските територии на Франција.

Клима: Просечни температури преку цела година 25 – 32ºC. Ниска сезона од Мај до Септември – за време на дождовниот период. Висока сезона од Октомври до Мај – сува сезона. Времето е добро во текот на целата година; во дождовниот период врне кратко време, додека во високата сезона е помалку влажно, но преполно со туристи.
Туризам: Најмногубројни се Французите. Доаѓаат и од Канада и некои Европски земји.
Македонци – вкупно двајца!

Нашето патување (05.08 – 17.08.2014)

Превоз: Од Скопје до Париз летавме со AirSerbia преку Белград, а од Париз до Гвадалупе 8ч лет со Corseair.

Сместување: За сместување, решивме тоа да биде едно помало гратче, за кое што прочитав дека ги има најубавите плажи на островот, но не е и најтуристичкото, бидејќи има и други поголеми и потуристички гратчиња. Совршена комбинација, со оглед на тоа каков тип на патник сум јас, не ги сакам големите преполни туристички места, мало мирно место со преубави плажи. Се вика Sainte Anne и се наоѓа на јужниот брег на Grande Terre. Тука сакам да напоменам една добра работа за овој остров – и покрај развиениот туризам, никаде нема да видите огромни луксузни хотели со светла и казина!

Ова е нашиот хотел каде што бевме сместени, собите се во посебни куќички во склопот на голема градина со високи палми и огромни растенија. 

Хотел Auberge Le Grand, Sainte Anne

Гратчето Sainte Anne е мало симпатично гратче со впечатлив локален начин на живот. Тука се наоѓаат најубавите плажи во Гвадалупе а една од нив ни беше на само 2мин од хотелот. Исто така, воопшто нема големи хотели, преполни ресторани кои примамуваат туристи, па дури ни кафулиња и клубови. Ништо од ова не му е потребно на локалното население. Тие имаат поразличен стил на живот, јас би го опишала како опуштен и лежерен. Потеклото им е од Африка и Индија, донесени тука за време на ропството, кои подоцна го населиле островот.





Мал плоштад и катедрала - Sainte Anne


Една поинтересна работа во гратчето е локалниот маркет. На него се продаваат разни нешта претежно за туристи – облека, ликери од рум, зачини, овошје, и сето тоа во еден препознатлив колорит.







Уште веднаш, може лесно да се забележи дека секојдневието на народот се случува главно на плажите – млади друштва, фамилии со деца, буквално сите, го поминуваат секој ден на плажа. А и секоја вечер. Како и преку ден, така и ноќниот живот се одвива околу и на плажите – таму луѓе продаваат секакви локални закуски – Chichi – еден вид на крофни, Coco Sorbet – сладолед кој што го прават од свеж кокос, млеко и мраз, колачиња со кокос, разни тропски овошки, чашки мраз полиени со некаков сируп од манго, гуава или passion fruit...

Многу е популарно да си нацрташ тетоважа

Жена продава Коко Сорбет на плажа. Кокосот го мелат во овие шарени буриња.

Шишињата се со различни сирупи кои што ги прелеваат врз чашка мраз



За првпат слушнав и пробав, едно интересно тропско овошје, се вика Кенет и го продаваат насекаде а најчесто на плажа. Плодот е голем колку еден грозд и има некаков вкус помеѓу портокал и кајсија.

Плажите се рај! Бел, ситен песок и палми, насекаде палми, па така немаш никаков проблем цел ден да си го преседиш на плажа под сенка – прави, што сакаш! Водата е заштитена со корален гребен, па е мирна и плитка со преубава тиркизна боја. :)

Локалците на плажа си доаѓаат на целодневна – мене лично ми беше многу интересно да гледам (набљудувам :) ) какви им се навиките и што прават додека се на плажа, бидејќи тоа за нив не е само лежарење, туку е социјална активност. А највпечатливи ми беа самите луѓе. Забележете и самите!

Прекрасни луѓе со атлетска градба



Рај за детски игри, мирна плитка вода и бел ситен песок

Од карши е плажата, вака се собираат друштва приквечер

Градската плажа во Sainte Anne - Plage le Borg






Ете ме и мене

Најубавата плажа во Гвадалупе исто така се наоѓа во Sainte Anne. Се вика Club Le Med, и е дел од еден хотелски комплекс. Но овој факт не ѝ одзeма на оваа плажа од природната убавина, релаксираната атмосфера и локалниот шмек. До оваа плажа се пристигнува пешки покрај крајбрежјето, низ густа шума од многу високи палми.

Патот до плажата Club Le Med


Самата плажа е многу убава. Широка е и долга со сенки под палмите, тиркизна и мирна вода. Воопшто нема гужва и покрај тоа што, за разлика од градската плажа во Sainte Anne која ја посетува локалното население, тука доаѓаат многу туристи. На плажата може да се купи сладолед од кокос, багет сендвичи или свеж ананас. На оваа плажа често може да се забележат игуани и мали желчиња, мали ракчиња и секако, кокоси испопаѓани од палмите.












Е сега, да ракажам малку и за храната... Хмм... Не беше лесно да сконташ од прва, што е тоа што треба да се проба таму, менијата се исклучиво на француски, никој буквално не зборува англиски за да ти кажат што е што, а од она што видовме наоколу што јадат луѓе, беше – багети, багети, багети! Значи, исто како Французите, се шетаат насекаде и во секое време со багети во рака. Прават најразлични сендвичи со багетите, класика, кашкавалче, пилешко, туна, салатка,... Исто така, многу често се јаде пилешко на жар со прилог ориз, така наречено COLOMBO, заради зачините кои ги користат.

Традиционална Креолска порција – COLOMBO

Ова е една типична традиционална Креолска порција. Морам да напоменам – скарата им е превкусна... но повеќе за тоа и за останатите убавини и дожививања ќе раскажам понатаму...

Ива Р.

2 comments: Leave Your Comments

  1. Replies
    1. тука се, само имаше вишок празни места :)

      Delete

.