Претходно: Јадрански роуд трип - дел 1: Патот
Првата дестинација ни беше Дубровник - легендарниот град во кој ако не сте биле досега, сигурно сте го слушале од вашите родители кои шетале низ Југославија или сте читале за случки во него во лектира во средно, а ако ни двете не се случај, тогаш од модерното доба сигурно го знаете како основа за креирањето на King's Landing од Game of Thrones :)

![]() |
Поглед од кулата Ловријенац |
Дубровник е неверојатен стар град со италијански шмек, со прекрасни камени улици, куќи и ѕидини околу цел град, со околу 40.000 жители ама и многу повеќе туристи од целиот свет. Може да се каже дека е најпопуларна, па и монденска, дестинација во Хрватска - особено во текот на летниот период. За жал бил бомбардиран во ’90-те, но за среќа целосно реконструиран, со тоа што Дубровчаните сè уште имаат поставено текстови и фотографии на надворешниот дел од музејот War Photo Limited, а зачувани се и куќи и улици со дупки од куршуми во ѕидовите за да го потсетуваат светот на овој факт.