Showing posts with label храна. Show all posts
Showing posts with label храна. Show all posts
Претходно: Јадрански роуд трип - дел 1: Патот

Првата дестинација ни беше Дубровник - легендарниот град во кој ако не сте биле досега, сигурно сте го слушале од вашите родители кои шетале низ Југославија или сте читале за случки во него во лектира во средно, а ако ни двете не се случај, тогаш од модерното доба сигурно го знаете како основа за креирањето на King's Landing од Game of Thrones :)

Поглед од кулата Ловријенац

Дубровник е неверојатен стар град со италијански шмек, со прекрасни камени улици, куќи и ѕидини околу цел град, со околу 40.000 жители ама и многу повеќе туристи од целиот свет. Може да се каже дека е најпопуларна, па и монденска, дестинација во Хрватска - особено во текот на летниот период. За жал бил бомбардиран во ’90-те, но за среќа целосно реконструиран, со тоа што Дубровчаните сè уште имаат поставено текстови и фотографии на надворешниот дел од музејот War Photo Limited, а зачувани се и куќи и улици со дупки од куршуми во ѕидовите за да го потсетуваат светот на овој факт.
...и редно време беше после првиот дел за Сардинија објавен лани во Мај да го довршам и остатокот од приказната (бидејќи многу други приказни ми се испослучија во меѓувреме) :) Овој дел е само за северниот дел, но ветувам дека пред навршување на една година ќе го објавам и за јужниот :D




Колку повеќе раскажувам и колку повеќе луѓе отидоа во меѓувреме на Сардинија, толку повеќе ми е криво што не останавме повеќе од 10 дена или не се фокусиравме само на југ или север од островот и да го оставиме другиот дел за друг пат. Останаа премногу пинови црвени и непосетени, ама и ако се оди некогаш пак, ќе ни бидат расштркани низ цел остров :)


Сардинија (Sardinia) или Сардења (Sardegna) на италијански или Сар'диња (Sardigna) на сардински [:)] е вториот по големина остров во Средоземното Море после Сицилија (за малку) и е автономен дел од Италија. Локацијата доаѓа отприлика одма карши Рим, под француската Корзика.

Иако ние малку сме слушале, има пребогата историја уште од пред нашата ера, час била популарна за освојување, час ја оставале на раат да си биде автономна. Ќе напишам повеќе околу градовите и остатоците од цивилизацијата на Нурагите (не можам да најдам никаков извор на македонски, па ако знае некој нека линка).

Иако овој пат поради обврски не планирав да го искористам јунскиот одмор, сепак ни улета шанса која не се пропушташе - понуда за нововоспоставените летови со Алиталиа преку Рим до кој било италијански остров за 149€. Имајќи предвид дека само до Рим редовната цена на летовите е скоро дупло, моравме да ја искористиме оваа шанса и да летнеме до ретко зборуваниот и преубав остров Сардинија. Некако ни тргна со островиве после Мајорка, Лефкада и Крит, ама за разлика од нив, тука дефинитивно го скршивме рекордот на поминати километри со кола за 10 дена :) И морам да признаам дека е единствен остров од претходниве каде од која страна и да отидовме, сите плажи беа која од која поубави.



*** Сликите се од моето патување и бидејќи сум приврзаник на Криејтив Комонс, ако ги споделувате, линкајте назад на овој блог. Благодарам однапред.

Крит е најголемиот и најнаселен грчки остров во Средоземното Море. Крит бил центарот на минојската цивилизација (околу 2600–1400 п.н.е.), најстарата форма на грчка и европска цивилизација.

Сега Крит е една од најпопуларните туристички дестинации во Европа и претежно економијата зависи од туризмот, а скоро и да нема невработени жители. Крит е прв производител на маслинки за маслиново масло во историјата со корени назад до 2500г. п.н.е. За жал, маслинки за исхрана имаат ретко, најчесто за домашна употреба и може да се купат на пазар во поголемите градови.

Претежно е планински остров, со понизок дел на северот кој е доста развиен и населен, додека по планините има рибарски села и градчиња чии жители се окупирани со одржувањето на нивните плантажи со маслинки. Покрај плажите, во сеќавање дефинитивно ќе ми остане и мирисот... на островот на маслинките.

А плажи има секакви... од слични на оние околу Халкидики (темен песок, бранови, матна вода... сепак чиста) до прекрасни плитки (лагуна тип на) плажи со бел песок, без бранови и чиста, тиркизна вода.

Мирисот на Крит

*** Сликите се од моето патување и бидејќи сум приврзаник на Криејтив Комонс, ако ги споделувате, линкајте назад на овој блог. Благодарам однапред.


Обично за дочек на Нова Година со друштво бегаме на некоја планина во викендица, но немањето некое посебно расположение за дочекот, преселбата на двајца другари во Минхен и евтините летови до таму пуштени во Октомври нѐ натераа на првата покана за посета веднаш да одговориме со „да!“ :) По една пропуштена шанса за посета на Октоберфест уште во 2009-та, овој пат се радував на мојата прва посета на Германија, новогодишното баварско пивско искуство и доброто друштво што ме очекуваше.

Она што прво го дознавме е дека скоро цел град беше раскитен од божиќните декорации уште на 25-ти декември; но барем дел од центарот беше украсен, елката на главниот плоштад сѐ уште стоеше и беше останат само еден крисмас-маркет да ни сигнализира дека сепак доаѓаме за време на зимски празник. 


.