Всушност, многу години се од моите патувања, ама една година од основањето на блогот и мојот прв пост за епското (скоро па како тоа на Одисеј :Р) патување на Куба! Оттогаш бев на Лефкада (најсподелуваниот и најискористениот пост!) и во Италија на концерт (да ги искористам новите летови на wizzair од Скопје до Венеција), а тука негде беше и службеното патување во Швајцарија.
Да не ги заборавам постовите кои се покажаа доста корисни со советите за визи (американска и британска), како и за летање со рачен багаж.
Си ветувам дека следниов месец ќе ги допишам уште тие 2 поста за Куба што ми останаа, а здравје - догодина ќе има и некое патување за кое што ќе пишувам година дена :) Во празните месеци, ќе се обидам да се навратам на по некое старо патување.
13.500+ посети на 15 постови (горе-долу еден месечно), преку 500 фотографии и барем двајца луѓе (колку што знам) што тргнале по нашите стапки на Куба - е многу повеќе од она што го очекував кога го креирав блогов само за да мотивирам повеќе луѓе од Македонија да патуваат во своја режија... и да, уште сме во црна дупка, ама некако е поплитка во последно време и тоа ептен ме радува!
Фала на сите што го читате овој мој патувачки дневник, ме охрабрувате да продолжам, ме прашувате и ги споделувате моите постови - се надевам дека ако не до сега, барем некогаш навистина ќе ви се најде содржината од блогов.
1 година од Моите Патувања
.
Среќеееен роденден! Уште милион патувања и исто толку постови :)
ReplyDeleteФала Тест :))
Delete