Уште откако го креирав блогот, дизајнот го оставив „за еден ден кога ќе имам време“ како и сè друго од една голема листа на „проекти за во слободно време“. Периодов се подослободив од многу обврски, па пред да следуваат нови постови, морав да го редизајнирам блогот да биде почитлив. Инспирација ми е medium.com каде дремам во последно време читајќи долги текстови, па се одлучив постовите да бидат во сличен формат со голем текст за полесно читање (па и принтање по 2 страни на лист, иако треба да поработам уште малку на тој дел :))

Стариот нека стои тука како историја, а вашите забелешки се добредојдени... фала што го читате овој блог :)


Го прочитавте постот за Париз? Е па, како што јас го напишав за Ива, така таа ми напиша дополнување на постот со преубави корисни работи! <3 Читнете што пишува во гостинскиот пост "Paris za Sandra.docx" :) 

---

Да бидам искрена, како и Сандра и јас имав малку предрасуди за Париз пред да тргнам. Мислев дека љубовната приказна на градот на светлината и целиот свет нема да ме допре мене, дека сето тоа е туристичка фама, ама сепак испадна дека не сум толкав хипстер како што си мислев :) па така по само 7 дена поминати таму јасно и гласно изјавувам Paris, Je t’aime! и одвај чекам да одам пак :) Нема да ја споделувам нашата тура, туку ќе се обидам да ги издвојам само работите кои ми оставија најголем впечаток, ова се само неколку дополнувања на веќе супер насоките на Сандра, се надевам ќе помогнат.

Прво и најважно. Доколку планирате да посетите повеќе од 2 музеи, обавезно земете си Paris Museum Pass. Картата важи за скоро сите музеи и историски локалитети (комплетната листа можете да ја погледнете тука :) и може да се купи за 2, 4 и 6 дена. Можете да ја нарачате онлајн или да ја купите во првиот музеј до кој ќе дојдете.


Ние зедовме за 4 дена по цена од 56 евра и испадна дека тоа беше најдобра инвестиција што ја направивме во Париз :) Не само заштедивме мноооогу пари (само во Версај вкупно ве фаќа околу 50 евра да разгледате сѐ), туку и имавме приоритет на влез скоро секаде, па така наместо да чекаме во редица 1 час пред влезот на Лувр, го заобиколивме редот и влеговме веднаш :) Уште една супер работа е што немате ограничување на тоа колку пати ќе влезете во еден музеј, што значи дека ако се вљубите во некој музеј како ние во Помпиду, ќе можете да си влезете повеќе пати :)


Долго време не сме си пишале, а? :) Не дека немам нови патувања што ме чекаат на биро да ги напишам, но ѝ ветив на Ива дека за Велигден ќе напишам некој збор за Париз за да знае каде да прошета на нејзиното дооолго очекувано патување... па, еве го :)

Отсекогаш бев скептик за Париз заради тоа што премногу луѓе ми го имаа зборувано колку е прекрасен, а и веќе имав видено голем дел од европските градови кои горе-долу сите потсетуваат еден на друг па не очекував тој да биде нешто посебен. Но, првата година од (сега веќе редовната) понуда на Кроација Ерлајнс за евтини летови преку Загреб, сепак се одлучив да ја искористам можноста и да го посетам Париз и тоа знаев дека сакам да поминам повеќе време од тие 2-3 дена кои обично сите ги имаат поминато на апсолвентска екскурзија. Се спакувавме четворица другарчиња и една зима летнавме на недела дена.

И да, тоа е градот на светлината, и да, прекрасен е :)






Малку повеќе доцнам со постов, ама одговара совршено за тие што ќе се одлучат да одат во Дубаи за Нова Година :) Првиот дел беше напишан во мај и обавезно пред одење прочитајте го тука.

Иако не стигнавме да видам сѐ што сакав, сепак успеавме да ги прошетаме голем дел од објектите и местата, а и (покрај сите сплетки) да отидеме на пустинско сафари. Имајте предвид дека таму викенд е петок и сабота, а во петок ништо не работи до 14 часот, вклучувајќи го метрото, автобусите, сите трговски центри, отворени пазари и тн.

Метрополитен, indeed.

На крајот на постов има и видео од моментите што вредеше да се доловат подвижни :)

Еве ги работи што мора да се видат/направат, во зависност колку време имате:



Иако сама заборавив да си одбележам двегодишнина од постоењето на блогов, благодарение на Блогираме.мк имав повод да се потсетам на тоа :)

На овогодинешните блогерски и твитерџиски награди кои се одржаа изминатава среда, ја добив наградата за „најдобар блог во домен на културни работи“. Воопшто не очекував ваква награда бидејќи едвај пишувам по еден пост месечно, но од срце ви благодарам на сите за секој глас! Вашата поддршка ми дојде како утеха за сите часови поминати во истражување и составување на долгометражните блог постови :)

Листа од сите наградени блогови ѕирнете тука. Фотографии од настанот тука. Резултати тука.

Фото: it.com.mk



Резултати: Блогираме






Пред точно 2 месеци на барање на Јане, наместо само презентација на фотографии напишав текст со совети фотографирање при патувања за на неговиот блог PCK Laboratory. Конечно еве го и кај мене преведен, а оригиналот сѐ уште може да го најдете тука :)

Никогаш не сум се сметала дека сум фотограф, но можам да кажам дека отсеткогаш сум била „визуелен“ ученик, односно ме интересирале визуелните уметности. Како инженер по информатика и информациски технологии кој одлута во веб дизајнот (и има навистина лоша, ужасна меморија!) наклонета сум да ги чувам споментите во пишан и визуелен дневник.

Страста за патувања почна од 2006-та година и оттогаш се трудам да ги зачувам моментите од мојот живот низ фото-записи исто толку колку што запишувам ситници во моето патувачко дневниче. Како поранешен блогер и некој кој пишувал огромни мејлови за да ги одговори прашањата на другарите за некое место кое претходно сум го посетила, го започнав и овој блог преточувајќи го искуството во патувањата и фотографите во еден корисен онлајн дневник.

Еве неколку корисни совети за фотографирање при патувања кои сум ги сфатила патем.

1. Улови го духот на улиците


Убавината на еден град не е во неговите згради, туку во луѓето помеѓу нив. Научете повеќе за местото пред да го посетите и покрај стандардните туристички знаменитости, научете за настаните кои се одвиваат додека сте таму, прашајте за летни прослави (фиести), фестивали и места кои се во близина а вреди да се посетат и шетајте што можете повеќе наместо да користите јавен превоз. Обидете се да ги уловите моментите од секојдневниот живот додека шетате наоколу. И секогаш одете на отворените локални пазари за храна и друго, можете многу да научите за нечија култура од работите што ги продаваат таму.

Белград, Србија, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]Париз, Франција, 2011 [Nikon D90, 18-105mm]
На првиот есенски ден, си дадов задача да ја завршам приказната за Крит. Во првиот дел може да ги најдете податоците како да стигнете таму, за сместување и храна. Во овој дел е она што мора да го видите и посетите (од западниот дел) и каде сѐ да се препуштите на песочните убавини на овој остров.



Уште еднаш мапата по која може да се водите:


View Crete, 2013 in a larger map

Иако неколку пати сум планирала, сѐ уште не сум била на Тасос, па задоволството да напише гостински пост овој пат го оставам на патувалците @iivvanaa и @teksega :) Слободно дополнете во коментари ваши искуства или контакти за сместување.

---

Тасос, (грчки: Θάσος) е грчки остров во северниот дел на Егејско Море. Најсеверен од сите грчки острови, 12ти по големина, со главен град Тасос или Лименас Тасу (Limenas Tasou, што значи „Пристаништето на Тасос“), е на околу 10km од местенцето Керамути (Keramouti).

Пиле на траект :) [Photo by Andreja]


Како до Тасос


Траект може да се фати од две места, Кавала или Керамути. Натаму одевме преку Кавала, се враќавме преку Керамути. До Кавала, од Скопје има 378km, или 4 саати возење со кола и тука не е пресметана гужвата што не можеш да ја предвидиш на грчка граница. На одење заглавивме на граница околу саат време и го фативме траектот во последната минута, буквално. Дури и тетката што продаваше карти ми рече дека треба да трчам назад до кола. На враќање на пример, цариникот воопшто и не проверуваше пасоши.


View Thasos in a larger map


Крит е најголемиот и најнаселен грчки остров во Средоземното Море. Крит бил центарот на минојската цивилизација (околу 2600–1400 п.н.е.), најстарата форма на грчка и европска цивилизација.

Сега Крит е една од најпопуларните туристички дестинации во Европа и претежно економијата зависи од туризмот, а скоро и да нема невработени жители. Крит е прв производител на маслинки за маслиново масло во историјата со корени назад до 2500г. п.н.е. За жал, маслинки за исхрана имаат ретко, најчесто за домашна употреба и може да се купат на пазар во поголемите градови.

Претежно е планински остров, со понизок дел на северот кој е доста развиен и населен, додека по планините има рибарски села и градчиња чии жители се окупирани со одржувањето на нивните плантажи со маслинки. Покрај плажите, во сеќавање дефинитивно ќе ми остане и мирисот... на островот на маслинките.

А плажи има секакви... од слични на оние околу Халкидики (темен песок, бранови, матна вода... сепак чиста) до прекрасни плитки (лагуна тип на) плажи со бел песок, без бранови и чиста, тиркизна вода.

Мирисот на Крит

*** Сликите се од моето патување и бидејќи сум приврзаник на Криејтив Комонс, ако ги споделувате, линкајте назад на овој блог. Благодарам однапред.


Иако сум пред тргање на друг одмор и имам уште еден пост за пишување за Дубаи (не одете летово на 50 степени!), одлучив (кхм, малку доцна) пред-летно да споделам информации за едно постаро патување за кое често ме прашуваат... за најпрекрасниот остров што може да го замислите и посетите во Европа! 

Мајорка (Mallorca шпански, Majorca каталонски) е шпанско-каталонски остров кој спаѓа во Балеарските Острови (Каталонија) со главен град Палма (де Мајорка) и кој нашите агенции доста често го нудат во своите аранжмани... мојот одмор го споделувам од причина што - за истите пари за кои со агенција би дремеле на просечна плажа со милион пијани туристи - си поминав многу поубаво прошетувајќи го целиот остров и откривајќи ги најубавите плажи со големо весело друштво.

* Нагласувам дека ова беше пред три години, па гледајте да си ги ажурирате податоците преку линковите пред да ги земете цените здраво за готово :)

Жал ми е што тогаш бев во период без апарат, така што сликите се здиплени од интернет и од другар ми Дики! - фала ти за дозволата да ги користам :)


Cala Ferrera, Cala d'Or  (flickr.com/photos/ester68)

Дубаи ýбај - со акцент на у) е град во истоимениот емират - еден од седумте Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) кој се наоѓа на северниот дел од Арапскиот Полуостров (со излез на Персискиот Залив, т.е. Арапското Море).

Емиратите по големина (не знам да ги изговорам сите):
  • Abu Dhabi
  • Dubai
  • Sharjah
  • Ajman
  • Umm al-Quain
  • Ras-al-Khaimah
  • Fujairah
Обединети Арапски Емирати


Иако Абу Даби е најголемиот емират во ОАЕ, Дубаи има најмногу жители - нешто повеќе од 2 милиони. Првите населеници се стационирале околу заливот Дубаи (иако го викаат creek) во средината на 19-ти век, каде денес се наоѓа стариот дел на градот (или јас како што си ја нареков - чаршијата).

Денес Дубаи е - во буквална смисла - Метрополитен, местото каде сите луди идеи на ботатите арапски шеици за град од иднината се остваруваат со полна пареа. Благодарение на приходите од нафтената индустрија, брзо станува град на бизнисот и културата; центар во кој истокот и западот се „мешаат“ како масло и вода (да, понатаму ќе опишам и зошто). Бидејќи нафтата не е бесконечна, паметно инвестираат во туризам и недвижнини - вложуваат во постабилна иднина (спомнав и во нивните луди идеи?).

Поглед од авион... „улицата“ со бели светла лево е всушност Бурџ Калифа

*** Сите слики се од моето патување и бидејќи сум приврзаник на Криејтив Комонс, ако ги споделувате, линкајте назад на овој блог. Благодарам однапред.


По подолга пауза пред да почнам пролетни или минати патувања, да си докажам кои места се за прошетка низ Минхен пред да ми измине уште еден месец без објавен пост и пред да помине роденденот на нашата домаќинка :)

По летот од Скопје се стигнува на главната железничката станица, се сместивме кај нашите другарчиња во нивното ново симпатично станче, малку одморивме, спакувавме храна за забавата по шетањето и тргнавме во поход подготвени за новогодишната ноќ :)

Ден 1

1) Теризиенвизе (или како и да се чита Theresienwiese, скарана сум со германски) - е местото каде што се одржува Октоберфест и прво се упативме таму... за жал имаше забава со веќе распродадени карти и не можевме да влеземе во шаторите (кои ги има многу повеќе за време на Октоберфест), па само малку прошетавме во околината.

Метро станицата и луди Германци

Обично за дочек на Нова Година со друштво бегаме на некоја планина во викендица, но немањето некое посебно расположение за дочекот, преселбата на двајца другари во Минхен и евтините летови до таму пуштени во Октомври нѐ натераа на првата покана за посета веднаш да одговориме со „да!“ :) По една пропуштена шанса за посета на Октоберфест уште во 2009-та, овој пат се радував на мојата прва посета на Германија, новогодишното баварско пивско искуство и доброто друштво што ме очекуваше.

Она што прво го дознавме е дека скоро цел град беше раскитен од божиќните декорации уште на 25-ти декември; но барем дел од центарот беше украсен, елката на главниот плоштад сѐ уште стоеше и беше останат само еден крисмас-маркет да ни сигнализира дека сепак доаѓаме за време на зимски празник. 


Вчера добив барање од Дарко да објавам еден пост и кога го добив мејлот од него денес првата реакција ми беше со дигнати веѓи и ококорени очи. Еве го неговиот текст (и поука за останатите):



---

На 04.01.2013, ноќта, започна моето патување во ски центар каков што не очекував дека некогаш ќе посетам. Во моментов ова го пишувам од Бриансон, Франција.

Патувањето беше досадно и исцрпувачко, но уште првиот ден тука сфативме дека се исплатеше. Одевме преку Белград со личен транспорт кој, ко за инает, пристигнуваше таму пола саат пред тргнувањето накај Франција, па моравме да го избереме другиот автобус што стигнуваше 9 часа пред него.

Но, за среќа се сретнавме со познаници во автобусот и тие 9 часа поминаа како 15 минути.

Накај Франција тргнавме со конвој од 14 автобуси што, како што е повеќе од јасно, прави огромна колона на граница. Ама таа колона од час – час и пол поминуваше како миг бидејќи знаев на кои падини ќе скијам наредниот ден.

Барем така си мислев се додека не помина српскиот граничар и си го видов пасошот. Пасошот кој важи до 08.01.2013 или поточно 4 дена пред јас да се вратам од моето патување.

Нека не ве збуни мојот начин на пишување и времињата што се мешаат во него. Јас сега сум во Франција каде што влегов со важечки пасош, но не знам како ќе се вратам во Македонија за некој ден. Словенечката граничарка ми рече дека треба да одам во Македонска амбасада за да ми дадат некаков документ со кој ќе можам да ги поминам границите, а без него ќе треба да платам казна од 500 евра на словенечко-хрватската граница и уште толку на хрватско-српската граница.

Ја користам оваа прилика да побарам помош од вас , читателите, да ме советувате како да си дојдам во мојата љубена земја – Македонија без да јадам парична казна или најлошо забрана за влез во ЕУ.

Ако имате предлог или совет ве молам пратете го на macdarko@gmail.com. Ви благодарам за вашето време.

---

Совет од мене и @MedoDimoski:
1) врати се порано
2) летај директно во Македонија
... во секој случај си во загуба... Ако има некој конкретно искуство со ваков случај нека пише одма. Фала.
Екстра совет: секогаш проверувајте го пасошот, патувањето ви е валидно само ако најмалку три месеци по вашето излегување од Шенген зоната пасошот ви е важечки.

-----------------------------
UPDATE: 08.01.2013
-----------------------------


Пред да го продолжам расказот на моето патешествие кон Бриансон и (најверојатно) назад, би сакал да им се заблагодарам на сите кои се ангажираа да стапам во контакт со странскиот дипломатски кор на Република Македонија.

Да бидеме реални само мал процент од тие кои ми помогнаа се ангажираа да ми дадат информации или контакт со амбасадите на Македонија во овој реон. Но, за тоа имаше многу повеќе интернет тролови кои (сакал или не) помогнаа да се прошири мојот плач за помош (да, и мажите плачат) и да стигне до ушите на оние кои можат да ми дадат реална помош.

Тоа беа шака луѓе, да им се позлатат рацете, кои ми кажаа каде да се обратам, што да направам кога ќе дојдам таму, што да понесам или само споделија свои искуства. Без разлика што направија, морам да кажам дека во моменти на криза и општа паника секој добар збор влева капка надеж (море планинскиов воздух го разбудил поетското во мене).

За да не го должам со благодарностите за сите вас, о мои херои, би сакал да пишам што би требало да се случува во наредниве неколку денови.

Во недела ќе ме остави автобусот во близина на Љубљана. Во понеделник ќе одам во македонската амбасада со две слики, пасош и 36 евра. Таму ќе извадам патна исправа (народно позната како „лист“) со која ќе можам да минувам граници и која служи како временска замена за пасош. Не можам повеќе да елаборирам за оваа исправа во овој момент.

После тоа:

1. Од Љубљана со ДРД/Руле турс или Хисар за 30 евра и 17 часа патувам за СК.
2. Се молам да не попијам казна на граница.

Бидејќи казната може да биде до 24 месеци забрана за влез во ЕУ одам сега авансно да ги доживеам можните моменти што другарите ќе ги имаат дур јас сум на одмор во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Турција и Македонија.

P.S. Твитерсферо, уште не сум имал шанса да видам што се случувало со #фриДарко, ама според пинговите имам да ви кажам една работа за вас:

Све клошараана ееееј.

Прекрасни, прекрасни клошараана.

До нареден пост, со надеж дека ќе биде од мојот досегашен дом, Среќни празници,

Идиотот што тргна на пат со истечен пасош - Дарко
Трошки > Санта Клара: Куба - дел 8

И конечно, после година дена стигнав до крајот на овој мој кубански дневник... уште се прашувам кој го прочитал освен јас :) 

После две недели турбо шетање и три саати кланкање во стара кола со таксистот од Санта Клара и дечкото на ќерка му, после ѕверење по табли со имиња на хотели, стигнавме во хотелот Барсело Солимар. Во постов не станува збор за градот Варадеро, туку за туристичкиот полуостров исполнет со еден куп хотели, рајот за туристите и канадските пензионери.

На крајот на постов додавам и видео склопено од снимките што ги направив низ целото патување... 





Конечно, после година и нешто од патувањето, на ред доаѓа да го завршам серијалот со последниве два поста - револуционерниов и уживантскиот - се надевам пред Нова Година :)

Санта Клара е последниот град што го посетивме пред одмориме на плажа во Варадеро. Се наоѓа во централниот дел на островот и е студентски град со еден од најценетите универзитети во светот.

Иако градот не е нешто посебно сам по себе, одењето не беше залудно - Санта Клара е градот каде сѐ е во знакот на Ернесто Рафаел Гевара де ла Серна, кој го знаете како Че Гевара - споменици, графити, реклами, како и официјалниот Музеј за Че и Мевзолејот каде тој почива заедно со уште 12 војници кои биле убиени со него.

Она што е интересно за овој блог пост е тоа што последната битка што го срушила режимот на Батиста во 1958/9 година и го означила крајот на Кубанската револуција се одвивала во Санта Клара и тој дух сѐ уште многу живописно може да се почувствува на улиците на овој град.

графит со Че на автобуската станица
Всушност, многу години се од моите патувања, ама една година од основањето на блогот и мојот прв пост за епското (скоро па како тоа на Одисеј :Р) патување на Куба! Оттогаш бев на Лефкада (најсподелуваниот и најискористениот пост!) и во Италија на концерт (да ги искористам новите летови на wizzair од Скопје до Венеција), а тука негде беше и службеното патување во Швајцарија.

Да не ги заборавам постовите кои се покажаа доста корисни со советите за визи (американска и британска), како и за летање со рачен багаж.


Си ветувам дека следниов месец ќе ги допишам уште тие 2 поста за Куба што ми останаа, а здравје - догодина ќе има и некое патување за кое што ќе пишувам година дена :) Во празните месеци, ќе се обидам да се навратам на по некое старо патување.

13.500+ посети на 15 постови (горе-долу еден месечно), преку 500 фотографии и барем двајца луѓе (колку што знам) што тргнале по нашите стапки на Куба - е многу повеќе од она што го очекував кога го креирав блогов само за да мотивирам повеќе луѓе од Македонија да патуваат во своја режија... и да, уште сме во црна дупка, ама некако е поплитка во последно време и тоа ептен ме радува!

Фала на сите што го читате овој мој патувачки дневник, ме охрабрувате да продолжам, ме прашувате и ги споделувате моите постови - се надевам дека ако не до сега, барем некогаш навистина ќе ви се најде содржината од блогов.
Швајцарија е најцентралната и најнеутрална земја во Европа, единствена земја каде меѓу 8 милиони луѓе се зборуваат 4 јазици, има 4 култури и 23 дијалекти! Во моментов е најбогата земја во светот, а градовите Цирих, Берн и Женева се на листата од топ 10 градови со највисок квалитет на живот, додека Цирих се вбројува и во најскапите во светот. Интересно е што имаат и најголем број на Нобеловци по глава на жител. (Податоциве ми се од краток курс по швајцарски-германски од еден интересен тип во народна носија а ла Хајди).

Дојде време да ја посетам и земјата на чоколадото, овој пат службено... затоа нема да има премногу детали за ова патување, туку само за двата дена кои ги имав слободни и ги поминав едниот во Цирих, другиот во Луцерн, со различни екипи на супер-колеги.

Линдт... да речеме дека сме биле и поблиски од ова :Р
.